МАКТЕЛ

    

Груевски по трагедијата во Кочани: Ова системско “тонење” мора да запре

      

Поранешниот премиер Никола Груевски, се огласи на „Фејсбук“ по повод трагедијата во Кочани. Тој напиша дека сега реакција од властите мора да биде жестока, и дека мора веднаш да биде спроведена истрага, за да се откријат низа пропусти во системот. Во продолжение објавата на Груевски:

Не постојат зборови на утеха кои можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските на загинатите во една од најголемите трагедии што се случиле во Македонија во нејзината современа историја, а веројатно една од најголемите трагедии по бројот на загинати во еден ден воопшто било кога во Македонија. Загубата на сопствено младо дете, брат или сестра, внук или внука, е огромна и ненадоместлива загуба. Го изразувам моето сочувство со семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката во Кочани. Сега претстои голема битка за повредените, кои се во огромен број. Болниците во Скопје се преполни со повредени и нивните капацитети во секоја смисла се лимитирани.

   

Јасно е дека низ Европа има медицински центри кои се многу понапредни во експертиза, стручност, искуство, опрема и севкупен третман на тешко повредени, одколку во Македонија и Балканот. Со целата благодарност и почит кон оние држави кои самите понуделе помош, за најкомплицираните случаи добро е да се обезбедат безбеден транспорт во најдобрите медицински центри, независно дали нивните политичари се понудиле или не. Дали хеликоптерот со медицинска опрема и персонал ќе пристигне за еден или два часа во некој медицински центар низ Европа, не во секоја ситуација е клучно, знаејќи дека особено во случаи на изгореници, често се случува да настапи смрт после 2, 5 или повеќе денови, не само заради инфекции, туку и проблеми со белите дробови и горниот респираторен систем.

Верувам дека паралелно ќе се одвива и процесот на одговорност. Низа пропусти во системот се веќе обелоденети, а веројатно истрагата ќе открие и други. Без одговорност и без превземање мерки со кои ист или сличен настан нема да се повтори, ќе носи во лоша насока. Неодговорниот однос кон работата и граѓаните кој со години се демонстрираше особено од страна на високите преставници на претходната власт, низ годините метастазираше и продре надолу и длабоко во системот до секое микро ниво, во секоја пора на општеството, исто како и корупцијата и криминалот. Така, општиот степен на одговорност во Македонија е многу девастиран, што е предуслов за вакви трагедии и многу други трагедии.

Кога степенот на одговорност од највисоките државни нивоа, ќе се спушти на ниво на поединечни локални инспектори, референти, инжињери, надзори, лекари, учители, одговорни лица за некаква контрола, одговорни за давање или одземање некакви дозволи, решенија, одлуки и слично, тогаш тоа е состојба на девастирана држава. Кога во свеста на најниските по хиерархија во системот на државата ќе стане нормално да нема последици и сериозна одговорност и тоа да стане нормално, како во случајот со ковид болницата во Тетово пред неколку години, изградена и опремена од фабрика во сопственост на потпретседателот на тогаш актуелната влада, во тендерска постпка со видливо фаворизирање, и уште при тоа никој да не сноси никаква одговорност за тоа, тогаш тоа е многу сериозен дефект на системот.

Кога говорам за одговорност, не мислам само на одговорност одкако ќе се случи несреќата, туку пред се на личното чувство на одговорност на секој поединец во системот, во насока да постапува на таков начин одговорно извршувајќи ја својата работа, перфектно добро, независно дали станува збор за изведба, надзор, контрола, проценка, навремено предупредување и известување, носење целосно по закон и етички стандарди одлуки и решенија без попуштања или привилегии за некого, или било што, за да не дозволи да дојде до ваква или слична несреќа.

Гледано низ призма на случајот во Кочани, од сопственик, менаџер и други одговорни на дискотека, до изведувачи и одржувачи, од локален до национален инспектор, од локални политички назначени одговорни лица кои издаваат различни дозволи и се одговорни за контрола на исправноста на сѐ за што имаат законска одговорност, па нагоре. Таа ерозија на системот на секое ниво е голем проблем за повеќе држави на Балканот, а во Македонија е многу загрижувачка и влева апатија и големо чувство на несигурност и недоверба кај граѓаните.

Кога луѓето не веруваат во ништо и никого, почнуваат да не веруваат и во тие што одговорно си ја вршат работата, што секако влијае деморалзирачки на тие луѓе кој најчесто го напуштаат системот и го препуштаат на послаби и по неспособни од нив. Исто така важна е и општествена култура за пријавување и алармирање од страна на лица кои можеби не се директно одговорни, но кога ќе забележат аномалија чувстуваат лична одговорност веднаш да ги алармираат одговорните по закон, и да остават траг за навреме алармираното.

Кој живеел во земја каде ако возилото непрописно го паркираш на тротоар, па дури и ако си во него, пред да дојде полицијата, за 5 минути најмалку 5-10 обични граѓани ќе те предупредат, и ако веднаш не реагираш ќе направат фотографија и веднаш пред тебе ќе ја испратат на јавно познат телефон во полицијата, ме разбираат за што говорам. Таму, кога треба се предупреди, извести, пријави и алармира, не важи синтагмата “тоа не е моја работа”. Ова системско “тонење” мора да запре со енергична акција на властите не само во смисла на одговорност за овој настан која верувам ќе се случи, туку пред се во брза и ефикасна промена на свеста кај сите во системот и вон него, (а постојаните контроли и казните се само еден од методите за тоа), пред да се случат нови трагедии во кои ќе има нови недолжни настрадани и семејства со уништени животи.

ЛИНК ОД ОБЈАВАТА

  

Најново

Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск

Sase Ivanovski

Папата Франциско ги промени плановите за сопствениот погреб пред смртта. Еве што да очекувате

Sase Ivanovski

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Sase Ivanovski

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Sase Ivanovski

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Sase Ivanovski

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се последните што можат да зборуваат за грижа кон културното наследство – хаосот што го оставија зборува сам за себе

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е последната партија што може да зборува за правда и култура – тие се симболот на неправда, партизација и криминал

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да ја понижува државата

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен штипјанец, бил баран поради бегство од затворот Идризово

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач во Кавадарци затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач на патот Гостивар- Кичево поради престигнување на колона возила

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Sase Ivanovski

На Граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 20 минути

Sase Ivanovski

Гаши: Папа Франциско ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Sase Ivanovski

По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од министерот Љутков

Sase Ivanovski

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина по завршувањето на примирјето

Sase Ivanovski

Светските политичари му оддадоа почит на папата Франциско: Тој инспирираше милиони луѓе

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен ги предупредува ИКС, Mета и TикTок да ги почитуваат прописите во Европа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Лишено од слобода лице од скопско, превезувал стока без документација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи?

Sase Ivanovski

Селото Стенче – долина на фотоволтаици

Sase Ivanovski

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Почина папата Франциско: Што е следно во Ватикан?

Sase Ivanovski

Папата Франциско, првиот латиноамерикански понтиф кој служеше со шармантен, скромен стил, почина на 88 години

Sase Ivanovski

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Sase Ivanovski

Седми ден од блокадата на РТС: На студентите им се придружуваат и граѓани

Sase Ivanovski

САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно?

Sase Ivanovski

Нема подолги задржувања на граничните премини

Sase Ivanovski

ДУИ: Агенцијата „Рубикон“ – синоним за институционално прикривање

Sase Ivanovski

Невреме и поплави во Оклахома, двајца загинати

Sase Ivanovski

Жесток напад на Русија по примирјето за Велигден

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана повторно откри доверливи информации

Sase Ivanovski

СДСМ: Мерката за објавување цени е нефункционална и не им помага на граѓаните

Sase Ivanovski

На Предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани

Sase Ivanovski

Кина ги предупредува земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка

Sase Ivanovski

По истекот на велигденското примирје, Соединетите Американски Држави изнесоа нов предлог

Sase Ivanovski

Трамп се заканува дека ќе го намали финансирањето на Харвард за уште една милијарда долари

Sase Ivanovski

Руски суд го прогласи Гугл за виновен за откривање информации за убиени руски војници во Украина

Sase Ivanovski

Во текот на неделата ќе се одржи трета рунда преговори меѓу Иран и САД околу атомската програма на Техеран

Sase Ivanovski

СРЕЌЛИЈА ОСВОИ 112 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛОТАРИЈА ВО САД Шансата за џекпот била еден спрема 209,47 милиони

Sase Ivanovski

ГАШИ ГИ НЕГИРА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВРЕДИ Останува лојален на гласачите што го избраа

Sase Ivanovski

ПОРОИ, ГРМЕЖИ, ВЕТЕР, А МОЖЕН Е И ГРАД Следуваат денови со нестабилно време

Sase Ivanovski

ТОЈ Е НАЈБОГАТ АЛБАНЕЦ НА БАЛКАНОТ! Купил вила од 4 милиони евра во Белград, не знае ни колку коли има, а еве како заработува толку пари

Sase Ivanovski

(Фото) Додека државата празнува, Кочани се бори

Sase Ivanovski

Тинејџер падна од мотор, со тешки повреди на глава

Sase Ivanovski

Фетаи до Ахмети: Не сум му никому аргат, чувај го овој eпитет за себе, оти ти им служеше посветено на антиалбанските власти со твоите ајдуци

Sase Ivanovski

Триото Сиљановска, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид. На утринската литургија на поглаварот Стефан му дојде само Ѓорѓе Иванов

Sase Ivanovski

Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полицијата во Германија со хеликоптер трага по убиец што застрелал двајца мажи во зграда

Sase Ivanovski

Дали е ова крајот на војната? Трамп се надева дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела

Sase Ivanovski

Стејт Департмент: Би поздравиле продолжување на Велигденското примирје во Украина

Sase Ivanovski

Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

Sase Ivanovski

Лазаров предупредува: Во реваншот ќе ни биде потешко

Sase Ivanovski

Возачко „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Sase Ivanovski

Канадскиот премиер Марк Карни организирал оркестрирана распродажба на американските обврзници?

Sase Ivanovski

Зеленски им порача на Украинците на Велигден: „Злото може да има свој час, но Бог ќе има свој ден“

Sase Ivanovski

Користењето марихуана докажано е поврзано со дијагноза на деменција во рок од 5 години

Sase Ivanovski

Зачудувачката причина зошто Австралија ги гаѓа коалите на дрвјата од хеликоптери

Sase Ivanovski

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Sase Ivanovski

Мицкоски со честитка до Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква

Sase Ivanovski

Честитка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод Велигден

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го честита најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение

Sase Ivanovski

Герасимовски: Велигден е потсетник дека само заедно можеме да изградиме праведно и солидарно општество

Sase Ivanovski

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Sase Ivanovski

Левица: ЗНАМ сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Sase Ivanovski

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Sase Ivanovski

Сар: Во интерес на Велика Британија е пораз на радикалните исламисти на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Неготинец украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Sase Ivanovski

Триото Сиљановска, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид. На утринската литургија на поглаварот Стефан му дојде само Ѓорѓе Иванов

Sase Ivanovski

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

Sase Ivanovski
Вчитувам....