Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се залагаше за нацрт-законот, но му беше потребна поддршка од опозициските партии за да го соберат мнозинството во парламентот.
Она што беше дополнителен проблем е што пратениците од неговата владејачка централно-десничарска партија се спротивставија и на усвојувањето на законот за легализација на истополовите бракови.
„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место“, рече Мицотакис во парламентот за време на дебатата.На предлог-законот му беше потребно просто мнозинство за да помине во 300-члениот парламент.Дваесет земји во Европа веќе ги легализираа истополовите бракови, но одлуката на Грција да им се придружи, според написите, е преседан, особено што таа е првата православна земја што го направи тој чекор.