13.8 C
Скопје
13/04/2024 01:44
МАКТЕЛ

  

     

 

ГРЧЕВ: Некои геноциди застаруваат уште додека се вршат

      

Мирослав Грчев Во минутите во кои ги пишувам овие редови се врши геноцид над цивилното население во Газа. За тоа време светот ги кити своите новогодишни елки. Екот на веселбата и еуфоријата на Божикните и новогодишните празници е, како и секогаш, побучен од лелекот на оние што умираат, на осакатените, на обездомените и ужалените.

Бирајќи пригодна новогодишна тема за пишување, ми пројдоа низ глава слики зимски, вечери завеани во снег и накитени новогодишни елки, мирис на компот од дуњи, гајби омекнати мушмули завиткани во весници, жолта гола светилка над матнозелена дрвена маса на која се кршат ореви и се зобаат јатките… Разгален од носталгичните слики од младоста, што упорно опстануваат некаде во мозочниот бескрај и секогаш весело ускокнуваат за да ја понудат својата жива визија на рајот, решив да пишувам за геноцидот, за новогодишниот и божикниот геноцид што се врши веќе два месеца и во овој миг во Светата земја.

   

Поимот геноцид влезе официјално во правна и општа употреба по Втората светска војна кога беа извршени преголем број геноциди и беа сотрени повеќе од 70 милиони луѓе. По оваа најужасна војна во историјата се основаа Обединетите нации и се донесоа повелбите што требаа да ја обезбедат подостоинствената и посветлата иднина на човештвото. Една од првите беше Конвенцијата за превенција и казнување на злочинот геноцид. Конвенцијата е донесена на 9 декември 1948 година од Генералното собрание на Обединетите нации, стапи во сила на 12 јануари 1951 година и до 2022 е потпишана и прифатена од 152 земји членки.

 

Вреди човек да се потсети на основните членови на оваа суштински важна конвенција, која гради морални врвови над амбисите ископани во непосредното минато. Елем, во членот 1 од Конвенцијата стои: „Земјите потписнички потврдуваат дека геноцидот, било да е починет во време на мир или во време на војна, е злочин согласно меѓународното право, кого земјите активно ќе го спречуваат и ќе го казнуваат“. Вториот член дефинира што согласно Конвенцијата се смета за геноцид: „Согласно оваа Конвенција геноцидот претставува кое било од следните дела извршени со намера да се уништи, во целост или делумно, национална, етничка, расна или религиска група, односно – да се убиваат членови на групата; да се причинуваат сериозни телесни или ментални повреди на членовите на групата; намерно да се создаваат услови и околности кои ќе предизвикаат физичко уништување на групата или нејзин дел; насилно вршење мерки со цел да се попречи раѓањето во рамки на групата; насилно префрлање на деца од групата во друга група“.

   

     

Важно е да се потсетиме и на третиот и на четвртиот член од Конвенцијата, во кои е уредено кои дела се казниви и кои лица што ги извршиле делата ќе бидат под удир на меѓународното право. Членот 3 гласи: „Следните дела ќе бидат казниви: Геноцидот; заговарањето геноцид; непосредното и јавно повикување за вршење геноцид; обидот за вршење геноцид; соучесништвото во геноцид“. А во следниот член е уредено дека: „Лицата што извршиле геноцид или кое било дело наброено во членот 3 ќе бидат казнети, било да е уставно одговорен владеач, јавен функционер или приватно лице“.

Но, како што сите знаеме, најморалните акти на тогаш младите и благонадежни Обединети нации, како што е Универзалната декларација за човечките права или цитираната Конвенција за превенција и за казнување на злочинот геноцид, останаа до ден-денес како историски менхири што го означуваат посакуваниот морален успон на човештвото, но безмалку без какво и да е применување во меѓународното или во националните права. Доволно е само да се потсетиме на недоследностите во применувањето на поимот. Додека заслужено најчесто спомнуваниот геноцид е оној на европските Евреи во Втората светска војна, кој сигурно ќе остане најгрозниот планиран, државно администриран и индустриски изведен геноцид во кој се истребени неверојатни 6 милиони луѓе, дури 63% од сите Евреи што живееле во Европа, многу други немаат ниту име, ниту спомен.
Така на пример, безмалку воопшто не се спомнува дека во истата монструозна машинерија на смртта – системот на концентрациони и работни логори – Германците убија уште 3,3 милиони руски заробеници, 1,8 милион Полјаци и најмалку половина милион Роми, од сите возрасти и полови. Овие безмалку 6 милиони човечки души се истребени во геноциден акт идентичен со оној во кој исчезнаа европските Евреи, но овој геноцид на Словени и Роми не се бележи во историјата и во јавноста како посебен геноцид, а ниту пак се нарекува така.

Случајот со советските „губитоци“ во Втората светска војна е можеби најочигледниот пример за недоследноста во применувањето на дефинициите од Конвенцијата за превенција и казнување на злочинот геноцид.

Советскиот сојуз „изгубил“ неверојатни 27 милиони мажи, жени, деца и стари, и сите овие смрти – освен воените губитоци, кои од којзнае какви перверзни правни причини не се сметаат за жртви – одговараат на дефинициите на злочинот геноцид од членот 2 од Конвенцијата, но упорно не се нарекуваат жртви на геноцид. Зошто? Германската злосторничка држава со пишан акт – славниот План за гладување, предвиде да изведе истребување на повеќе од третина од населението од окупираниот дел од Советскиот сојуз, делумно со присилна работа и исцрпување, но најголемиот дел со изгладнување до смрт, преку одземање на сите видови храна. Практично, се работи за геноцид над геноцидите, но нема да го најдете ниту во историските читанки, ниту пак во јавниот дискурс.
Германците убија околу 9 милиони советски војници од кои 3,3 со изгладнување, и неверојатни 18 милиони цивили, мажи, жени, деца и стари, истребувајќи ги во нивните живеалишта. Со сурови воени дејствија, масакри и колежи и со глад и болештии германската војска уништи плански и намерно 1.710 советски градови и градчиња, како и повеќе од 70.000 села. Практично секоја од овие уништени населби, заедно со нивното вкупно население, претставува школски пример за геноцид. Но, сите ние, и светската јавност топтан, како да не знаеме веќе ништо за тоа. Овој најголем од сите геноциди не е дел од европското и светско паметење и не учествува ниту трошка во вината што би требало да ја чувствуваат земјите извршители и учестнички во геноцидот.
Во Северна Кореа, од 1950 до 1953, Соединетите Американски Држави со неселективно бомбардирање уништија околу 85% од сите цивилни згради и инфраструктури во земјата, убивајќи со бомби, запаливи фосфорни бомби и напалм повеќе од 1,5 милиони цивили, мажи, жени, деца и стари. Во војната во Виетнам, САД фрлија уште повеќе бомби, напалм, хебициди и други отрови и им ги одземаа животите на повеќе од 3.000.000 луѓе.

Во агресијата врз Авганистан од непосредните воени дејствија загинаа повеќе од 250.000 цивили, мажи, жени, деца и стари, а во Ирак од непосредните воени активности настрадаа повеќе од 200.000 цивили, и уште еден милион од последиците на агресијата. Во годините што следеа, во Авганистан, Ирак и во Пакистан загинаа околу 130.000 невини цивили, во двете децении од војната со дронови што се водеше со потписот на добитникот на Нобеловата награда за мир Барак Обама.

А, во Јемен, како последица на војната што Саудиска Арабија и Емиратите ја водеа против Хутите, со европско оружје и со директна поддршка загинаа повеќе од 50.000 деца, според податоците на организацијата „Спасете ги децата“. Колку незабележани, ненаречени и неказнети гедноциди се случија од кога стапи на сила Конвенцијата за превенција и казнување на злочинот геноцид?
Во минутите во кои ги пишувам овие редови се врши геноцид над цивилното население во Газа. За тоа време светот ги кити своите новогодишни елки. Екот на веселбата и еуфоријата на Божикните и новогодишните празници е, како и секогаш, побучен од лелекот на оние што умираат, на осакатените, на обездомените и ужалените. Сепак, празниците постојат за да носат среќа, радост и надеж, а некои геноциди застаруваат истовремено додека се вршат.
Среќна Нова година!

(Авторот е архитект и универзитетски професор)

    

Најново

(ВИДЕО) МАКСО: МЕНЕ МЕ ВИКНАА ВО СУД, А ЈАКИМОВСКИ Е НА ЦРНА ЛИСТА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски од Карпош: Точно за еден месец од денеска започнува мојот втор мандат

Sase Ivanovski

Пендаровски: Мојата животна визија е Македонија да биде земја без внатрешни поделби, земја на соживот

Sase Ivanovski

Николовски од Оризари кочанско: Производителите на ориз добиваат вода до своите ниви, успешно старува годишената сезона за наводнување со заесни нови 200 хекатари под ориз

Sase Ivanovski

137 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Sase Ivanovski

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски

Sase Ivanovski

Клиника за детски болести: Се зголеми вакцинацијата со вакцини кои содржат пертусис, се подигна имунитетот кај децата

Sase Ivanovski

Фатени се четворица арамии, краделе од возила во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

Sase Ivanovski

Ѓорчев: Има голем пад на рејтингот на власта – Пендаровски ќе има 100.000 гласови помалку за разлика од 2019 година

Sase Ivanovski

Бочварски: Инвестираме 1 милион евра за развој на патната инфраструктура во Кочани

Sase Ivanovski

И Силјановска не е против уставни измени, ќе се договарала со ЕУ само „Околу тоа кога ќе стапат во сила“!

Sase Ivanovski

Маричиќ: Нашите граѓани сега се повеќе поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за телекомуникациските услуги

Sase Ivanovski

Алармантен број на деца-питачи на улиците и семафорите

Sase Ivanovski

Мемоарите на Алексеј Навални пристигнуваат во октомври – ги пишувал 3 години во еден од најтешките затвори во светот

Sase Ivanovski

Меџити: По изборите ќе разговараме за можни коалиции, сега сме фокусирани на програмата

Sase Ivanovski

МНР: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и палестински територии

Sase Ivanovski

Макрон со Рама во Париз: Франција е решена да направи повеќе за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Гутереш за нападите врз новинарот Фуркан Салиу: „Ова веќе не се толерира!“

Sase Ivanovski

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Половина час ја држев мечката за уши и потоа ја оттурнав – му раскажа на Ангелов нападнатиот 61-годишник

Sase Ivanovski

Истражување на Евротинк: Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата, најмала во Обвинителството и судството

Sase Ivanovski

Не изгоре Универзална. Секоја штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета за нова, вели компанијата изведувач

Sase Ivanovski

СДСМ БРОЈ 1, ВМРО БРОЈ 2, ГРОМ БРОЈ 3… ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите

Sase Ivanovski

Пендаровски во Гевгелија: Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Sase Ivanovski

(ДОКУМЕНТИ) Инфомакс: Што бара на иста маса Панче Тошковски со американски дилер на дрога?

Sase Ivanovski

Нападнато обезбедување во гинекологија Чаир

Sase Ivanovski

Граѓани донираат по 200, 500 и 1000 денари за изборната кампања на Ванковска

Sase Ivanovski

МВР со детали за пукање во Тетово: Од автомобил во движење било пукано во куќа

Sase Ivanovski

Тешка кражба во рудникот Суводол: приведени четири лица од Битола

Sase Ivanovski

Герасимовски: Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ИНФОМАКС: КУМОТ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ПРОДАЛ ПАРЦЕЛА НА ЛИДЛ ВО КУМАНОВО ПО БАСЛОСЛОВНА СУМА ОТКАКО ПРЕТХОДНО ЈА КУПИЛ ЗА ЏАБЕ?!

Sase Ivanovski

Кои се потенцијалните први дами и прв господин на Македонија?

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Олеснување наместо шок?! Тоа е можно само со одвојување од реалноста и јавање на бранот на популизмот и откако коњот ве исфрлил од седлото

Sase Ivanovski

Јакимовски: Градежниот сектор да се подготви за обновата на Украина

Sase Ivanovski

Бојмацалиев од Крива Паланка: Реконструирани сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари

Sase Ivanovski

Николовски од Кочани: Од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, ставајќи на располагање 14 милиони евра за инвестиции 

Sase Ivanovski

Новата Opel Corsa прогласена за „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија за 2024 година!

Sase Ivanovski

Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион чекор поблиску кон интегриран систем за управување со отпад

Sase Ivanovski

Вулин: ЕУ покажа дека не се грижи за Србија

Sase Ivanovski

Левица, десница, централно

Sase Ivanovski

271 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Димитриевски во ТОП тема на Телма: За Македонија е да биде своја на своето. Македонците да си останат Македонци и да влезат во големото европско семејство

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски во посета на Отсекот за управни работи и Оддлеението за внатрешни работи во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тоа што го добивте од Србите е лажен томос и срам за Црквата – интервју со десната рака на вселенскиот патријарх

Sase Ivanovski

Пендаровски од Валандово: Во официјален извештај на ЕП Мицкоски е именуван како човек кој шири лажни вести

Sase Ivanovski

Мицкоски до Пендаровски: По поразот на изборите, ниту ГПС нема да те пронајде

Sase Ivanovski

Пендаровски: Немам причина да го бојкотирам вториот круг зошто ќе ги добијам изборите

Sase Ivanovski

Ковачевски на средба со бизнис организацијата Македонија 2025: СДСМ има јасен и конкретен план за раст на економијата, за конкурентни компании за подобар животен стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ ПАК ЌЕ БОЈКОТИРА, ОВОЈ ПАТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ЗА ДА НЕ СМЕ ДОБИЛЕ МАРИОНЕТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?!

Sase Ivanovski

Граѓани од населбата Даме Груев со години живеат во зграда без технички прием чекајќи имотен лист

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: По истрагата Универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани

Sase Ivanovski

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре, во 12 напладне, во 12 навечер, 3 попладне, 3 сабајле…,како ќе кажат – така

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Опозицијата има рок до утре до 12 часот да достави предлози, ќе ги прифатам сите

Sase Ivanovski

Пронајдени два тунела за бегство од затворот „Идризово“

Sase Ivanovski

Брижит Макрон тужи за клевета по тврдењата дека во 30-та година го сменила полот

Sase Ivanovski

Маж од Пехчево во 61 наврат извршил трансакции со туѓи платежни картички

Sase Ivanovski

Николовски во посета на успешна жена земјоделка добитничка на грант од мерката бизнис план, мерка преку која само минатата година се поддржани 115 жени земјоделки

Sase Ivanovski

Кочанец со југо удрил во маса на која седеле цело семејство, па се степале

Sase Ivanovski

Салиу: МВР ми поднесе кривична пријава за попречување на службено лице, ќе претресуваат дома кај мене и во редакцијата на Портал X поради што порталот нема да работи одредено време

Sase Ivanovski

Академија за судии: Антикорупциската комисија донесе политичка одлука по приговорот на Силјановска

Sase Ivanovski

Имаме најмал раст во регионот и најголем буџетски дефицит: Обесхрабрувачки извештај од Светска банка

Sase Ivanovski

Кривична против полицаец од Крушево за напад на колеги: ќе биде отстранет од работа

Sase Ivanovski

НА 76 ГОДИНИ ОД КАНЦЕР ПОЧИНА НАЈСЛАВНИОТ УБИЕЦ, ГЛУМЕЦ И СПОРТИСТ ВО САД, О.Џ. СИМПСОН, ЧИЕ СУДЕЊЕ Е НАЈЛЕГЕНДАРНО ВО ИСТОРИЈАТА НА САД

Sase Ivanovski

СЕДУМ МИТОВИ ВО СРПСКАТА ИСТОРИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Фридом хаус ја квалификува Македонија како цикличен хибрид, криминалот и корупцијата се главен проблем

Sase Ivanovski

Мицкоски: Упатив порака до албанската опозиција за коалиција, но досега не сум добил одговор

Sase Ivanovski

МВР: Претресите во Идризово поминаа без никакви проблеми

Sase Ivanovski

Манолева: Северна Македонија едногласно прифатена како 12-та членка на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, пристапувањето кон ЕУ е главен двигател на земјата

Sase Ivanovski

Македонија назадува во владеење на правото и борбата со корупцијата, порача „Фридом хаус“

Sase Ivanovski

Пешева: Над 5.000 бездомни кучиња на улиците на Скопје, само половина од нив стерилизирани

Sase Ivanovski

Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС, профитираа од болните од рак и модуларните болници од кои една изгоре и живот изгубија 14 луѓе

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал, ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Ѝ благодарам на Бети за поддршката сиве овие години

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ДОБРО ПОМИНУВА НА ТЕРЕН, ОДЛИЧНО Е ПРИМЕН ОД ГРАЃАНИТЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за враќање назад и оддалечување од ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Русија изврши масовен ракетен напад на Украина: „Ова е нашиот одговор до Киев за нивните напади на наши енергетски капацитети“

Sase Ivanovski

Груби тврди дека во СДСМ се повлекле од идејата поради загрижувачки резултати на анкетите, кои покажале дека големо мнозинство на Македонци се доживувале како граѓани од втор ред

Sase Ivanovski

Николоски: Пендаровски бега од одговори за криминалот, корупцијата и аферите на тие што го поддржуваат, нешто што е нотирано и во меѓународни извештаи

Sase Ivanovski

Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Sase Ivanovski
Вчитувам....