Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому одговори дека „уставна и демократска диверзија е тоа што СИРИЗА се обидува да создаде услови на политичка аномалија со целосно усвојување на недокажани тврдења”, додека пак за издавачот на „Документо”, новинарот Костас Ваксеванис рече дека „ неговите митови и шпионски романи се пишуваат за да се создаде наратив за оправдување на поразот на СИРИЗА што се наѕира на претстојните избори”.Владата, прва во Европа, претстави комплетна законска рамка за справување со малициозни софтвери, а во исто време силна е нејзината политичка волја за целосна истрага на правдата и расчистување на сè што е објавено од медиумите, со цел да се дефинираат реални димензии на случајот во Грција, од моментот кога такви софтвери се појавија уште за време на Владата на СИРИЗА, рече Иконому во писмената изјава.Пред три седмици весникот „Документо” ја објави првата листа со 33 лица, за кои пишуваше дека преку софтверот „Предатор” и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП.На првата листа беа меѓу другите беа и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена.