Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска порача дека народот на Сирија „може да ја искористи историската можност да изгради стабилна и мирна иднина“, по 14 години брутална војна и „паѓањето на диктаторскиот режим“, пренесе „Тајмс оф Израел“.
„Иднината на Сирија мора да биде одлучена од сирискиот народ, а мојот специјален пратеник ќе работи со нив во таа насока. Треба да се направат многу работи за да се обезбеди уредна политичка транзиција кон обновените институции. Го повторувам мојот повик за смиреност и избегнување на насилството во овие чувствителни моменти, додека во исто време ќе се штитат правата на сите Сиријци“, рече Гутереш.
Тој додава дека „неприкосновеноста на дипломатско-конзуларните претставништва и персоналот мора да се почитува во сите случаи, во согласност со меѓународното право“.