Став од Кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
Став од Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за прашањата од повеќе медиуми во врска со потпишувањето на указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот.