38.8 C
Скопје
22/06/2024 19:19
МАКТЕЛ

  

     

 

Дали израелскиот премиер би бил уапсен во Германија?

      

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заканува налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд. А Германија е растргната помеѓу сопствениот државен резон и меѓународното право. Токму тоа беа насловите кои германската влада сакаше да ги спречи по секоја цена: „Портпаролот на Шолц е јасен: Германија би го уапсила Нетанјаху“, беше насловот на најтиражниот таблоид во земјата, „Билд” во средата навечер. А „Велт“ напиша вака: „Германија би го екстрадирала Нетанјаху, сугерира владиниот портпарол“.

Лидерот на ЦДУ тоа го смета за скандал

   

Дали е тоа навистина замисливо? Германија да го уапси, па дури и да го екстрадира политичкиот водач на израелската држава, доколку би постоел соодветен  налог за апсење од Меѓународен кривичен суд  против премиерот Бенјамин Нетанјаху?

 

За лидерот на најсилната опозициска партија, претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, самата помисла е апсурдна: „Молкот на сојузната влада, вклучително и сугестијата на владиниот портпарол дека Нетанјаху може да биде уапсен на германската територија сега навистина станува скандал“, изјави Мерц за „Билд”.

Барање за обвинение против Нетанјаху и министерот Галант

   

     

Што се случи? Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, британскиот адвокат Карим Кан, во понеделникот поднесе барање за издавање налог за апсење на Нетанјаху и неговиот министер за одбрана Јоав Галант, како и против тројца водачи на радикалната исламска палестинска организација Хамас за наводни злосторства против човештвото и воени злосторства.

Кан Јунис Газа
Палестинци спасуваат предмети од уништените куќи во Кан Јунис по израелски нападФотографија: dpa/picture alliance

Односно, поради големите страдања на луѓето во Појасот Газа откако Израел жестоко одговори на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година.

Кан конкретно ги обвинува Нетанјаху и неговиот министер дека го користат изгладнувањето на луѓето во Појасот Газа како воено оружје.

Израелски политичари и претставници на Хамас во ист кош?

Станува значи збор за барања за издавање налози за апсење и на лидерите на Израел и на Хамас, организација која многу западни земји, вклучително и Германија, ја класифицираат како терористичка организација.

Кан ги спомна тие барања заедно, кои Судот сега треба да ги испита и да одлучи за нив. Дали тој така во ист кош ги стави  шефот на израелската влада  и тројцата лидери на Хамас?

Тоа е она што особено го вознемири Мерц: „Барањето за налог за апсење истовремено против премиерот Нетанјаху и против водачот на Хамас, Синвар е апсурдно превртување на улогите на сторител и жртва“, вели тој.

Напнатост во германската влада

На прес-конференцијата што оваа среда ја одржа Штефен Хебештрајт, портпаролот на канцеларот Олаф Шолц, беше јасно колку е тешко за германската влада да заземе јасен став во овој случај.

Видно напнат, портпаролот прво мораше да се спротивстави на гласините дека Шолц е „шокиран“ од најавата на јавниот обвинител. Хебештрајт рече: „Не можам да пријавам шок или лутина. Многу јасно ставивме до знаење дека на тоа изедначување гледаме многу критички. И ние укажавме на разликите кога станува збор за уставот на државата Израел и нејзиното независно судство“.

Дали налогот за апсење на Нетанјаху воопшто би бил легален?

Значи, обвинувањата што ги изнесе Хашкиот суд треба различно да се вреднуваат, бидејќи во едниот случај на мета е уставна држава, а во другиот не?

Всушност, експертите за меѓународно право се сомневаат дали Кан воопшто требало да поднесе тужба против Нетанјаху. Според експертот за меѓународно право, Константин Ганс, кој ја презентираше својата оценка за берлински „Тагесшпигел“, едно од утврдените правила на судот е дека тој може да преземе мерки само доколку земјата за која станува збор не сака или не може да спроведе сопствена истрага. Тоа важи за диктатурите – но тешко дека е точно за демократски Израел, вели Ганс.

Германија и Меѓународниот кривичен суд

Дилемата на владата во Берлин е во следново: Германија е еден од главните поддржувачи на Меѓународниот кривичен суд, кој од 2002 година истражува и донесува пресуди за случаи како геноцид и воени злосторства. И тоа против поединци, не против држави. Само во 2023 година германската влада на тој суд му плати 20 милиони долари.

Судот, кој не е дел од Обединетите нации, е поддржан од 123 земји – но не и од големи држави како САД или Израел.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, британскиот адвокат Карим Кан
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, британскиот адвокат Карим КанФотографија: Chepa Beltran/LongVisual via ZUMA Press/picture alliance

Германија и нејзиниот посебен однос со Израел

Од друга страна, за Германија, поддршката за Израел е т.н  државен резон, кој, меѓу другото, е резултат на најтемниот период од германската историја кога за време на нацистичката диктатура, беа убиени милиони Евреи.

Дали ова важи и за премиерот Нетанјаху лично? Портпаролот на Шолц Хебештрајт рече: „Во основа, ние сме поддржувачи на Меѓународниот кривичен суд – и така и ќе остане. Ние ги почитуваме законите”.

Но, Хебештрајт, исто така, ги критикуваше постапките на обвинителот: „Тоа што главниот обвинител избра да објави во истиот здив во интервју за Си-Ен-Ен дека поднесува барање за налог за апсење против тројцата водачи на Хамас и против израелскиот премиер и министерот за одбрана, е изедначување”.

Реакции во други земји

Некои други земји се поконкретни  на прашањето дали ќе го уапсат Нетанјаху. Унгарија, на пример, вели – не. Земјата го поддржува Меѓународниот кривичен суд, но државниот министер Ѓерѓели Гуљаш изјави дека израелскиот премиер не треба да очекува апсење доколку ја посети Унгарија.

А пред неколку дена американскиот претседател Џо Бајден оцени дека барањето од Хаг е „нечуено“. Но, САД никогаш не го поддржаа тој суд.

Во Германија работите се поинакви – и затоа многу покомплицирани.

    

Најново

ШОФЕР НА АВТОБУС СКОПЈЕ – ОХРИД ЦЕЛ ПАТ СИ КУЦА НА МОБИЛЕН И ПЦУЕ ПО ПАТНИЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНТЕРЕСЕН МОМЕНТ ОД ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВА ВЛАДА: Ковачевски му покажа смешна фотка на Гаши, овој се згази од смеење

Sase Ivanovski

Османи на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и Пријатели на Западен Балкан во Виена   “Квалификувано мнозинство и постепена интеграција за европеизација на Западен Балкан”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ ШОУ: Зошто мене како пратеник треба да ми е битно што Мицковски објавил труд за триење при вибрации и трикција на барабан сопирачки?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ молчи за зголемување на платите,  што ќе се случи со просечната плата од 41.085 денари?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Апасиев распали во Собрание: Го из*упивте народот, вие сте плагијатори и елита а не реформатори!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАУЛЕСКИ ЈА НАРЕЧЕ ПЕТРОВСКА НЕСУДЕНА РАПЕРКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕТРОВСКА ДО БЕНДЕВСКА: КОГА ТРЕБАШЕ ДА СТАНЕШ ДИРЕКТОРКА НЕ МОЖЕВМЕ ВО СДСМ ДА КРЕНЕМЕ ГЛАВА ОД ТВОИТЕ ПОРАКИ И ПОВИЦИ, КОГА НЕ ТЕ СТАВИВМЕ НА ПРАТЕНИЧКА ЛИСТА ПРЕМИНА ВО ЗНАМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хеликоптер на МВР со исфрлени над 25 тони вода го стави под контрола пожарот во кичевско

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БЕНДЕВСКА И СЕ ЗАКАНИ НА СЛАВЈАНКА ДА НЕ ПРЕТАЛА ОТИ ЌЕ ПОТОНЕЛА ВО КАЛ

Sase Ivanovski

Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ Бобан Карапејовски: Во името на пратеничката група на ДвижењетоЗНАМ, сакам да истакнам дека ние ќе ја поддржиме Владата и искрено веруваме во остварувањето на сите програмски и стратегиски начела

Sase Ivanovski

Милошоски: СДСМ кои го потпишаа Преспанскиот договор периодов координирано напаѓаат заедно со грчката страна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАТЕНИКОТ САЛИ МУРАТ ПОБАРА ДА СЕ ЗБОРУВА И НА ТУРСКИ ВО СОБРАНИЕТО: Тоа беше дозволено од 1946-та до 1990-та

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕТРОВСКА: Лицемерие за стратешките интереси на земјата е кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈЧУЛОВСКИ: Во програмата на Владата има само продолжување на проектите на СДСМ во делот на инфраструктурата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО ДПМНЕ БОЈАН СТОЈАНОВСКИ ГО НАРЕЧЕ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДОКТОР МЕНГЕЛЕ

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски пратеник од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија до Оливер Спасовски: Човекот кој што свесно го блокираше Куманово поради лична суета и политички пресметки, да има доблест, да го послуша гласот на граѓаните и да се повлече од политиката

Sase Ivanovski

Тошковски му беше десна рака на „Миле ми текна“, Муцунски е полош градоначалник и од Марин – Апасиев со критики за предложените министри

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕ ТАЛЕСКИ: Прво нешто што направивте како нова власт ја задолживте државата за една милијарда евра, многу лош старт

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД НОВ ПОЧЕТОК Следува целосна трансформација, ресетирање на системот и владеење на правото, вели Ковачки

Sase Ivanovski

Сајкоски: Програмата на Владата е реална и остварлива, Македонија конечно ќе зачекори напред

Sase Ivanovski

Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на клиниките

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПОРТСКИОТ НОВИНАР МИЈАЛЧЕ ДУРГУТОВ ИЗВЕСТУВА ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

Sase Ivanovski

Филипче: Нема да има привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството

Sase Ivanovski

УЖАС ВО ПРИЛЕП: Куче скитник нападнало жена – до смрт го изгризало кучето миленик

Sase Ivanovski

Уште гори кај кичевско Цер

Sase Ivanovski

На Мицкоски не му требаат 100 дена меден месец – одговорност за секој криминал и инвестиции

Sase Ivanovski

Организаторите на парадата на гордоста со препораки до посетителите

Sase Ivanovski

Македонец спаси французин кој се давел во морето на една од плажите на островот Крф

Sase Ivanovski

Ковачевски малтене го земаа за рака и го седнаа, вели Деспотовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ЗА ВОЗАЧКА СЕ ПОЛАГА ВИРТУЕЛНО

Sase Ivanovski

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека прва одлука ќе биде промена на Преспанскиот договор, вели пратеникот Талески

Sase Ivanovski

Апасиев: Требало да пишете Република Северина Македонија оти го издупивте народот

Sase Ivanovski

АЈМО НАРОДЕ, ШТОМ СЕ ВРАТИТЕ ОД ГРЧКА

Sase Ivanovski

Од утре попладне пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Грчките медиуми пишуваат за нова провокација: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: КЕЛНЕР ВО ПРИЛЕПСКИОТ РЕСТОРАН ОНИКС ГО ИЗБРКАЛ НОВИНАРОТ САБРИОСКИ КОЈ Е РОМ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ЗАТОА ШТО НЕМАЛ РЕЗЕРВАЦИЈА?!

Sase Ivanovski

ДИЗАЈНОТ НА СТЕЛТ БОМБАРДЕРОТ НА САД Б2 Е ПОЗАЈМЕН ОД МАЈКАТА ПРИРОДА

Sase Ivanovski

Мораме да расчистиме со носење одлуки во одбрано друштво, без членството, вели Петровска

Sase Ivanovski

ТЕТОВАЖА НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

И денеска пекол – температури до 40 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ТРАМП ГО ОБВИНИ НАТО И ЗЕЛЕНСКИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, РУСИЈА МОРАЛА ДА НАПАДНЕ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САХАРСКИОТ ПЕСОК СТИГНА ДУРИ ГО СКАНДИНАВИЈА

Sase Ivanovski

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Sase Ivanovski

ДАНИЕЛА НИКОЛОВА ОД СДСМ: Предложените имиња за Владата се стари кадри на Груевски и луѓе како Муцунски кои не направиле ништо како градоначалници

Sase Ivanovski

За Спасовски програмата на новата власт е манипулативна- во неа нема ниту укинување на Преспанскиот, договорот со Бугарија и менување на преговарачката рамка

Sase Ivanovski

СОПРУГ СИ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ВО ВОЖДОВАЦ, БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

Унгарските медиуми: Заемот од милијарда кон Македонија е историски најголем кој Унгарија некогаш некому го дала

Sase Ivanovski

МНР: Македонката која загина во Грција имала 29 години, а тешко се повредени уште две 24-годишни девојчиња

Sase Ivanovski

ФОКУС: Влада со 24 члена – Македонија како африканските земји и како Србија на Вучиќ!

Sase Ivanovski

Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години

Sase Ivanovski

Мицкоски: Доаѓа времето кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните, прва инвестиција во вторник

Sase Ivanovski

Петровска: Зад мене не стои ниту еден поранешен претседател на СДСМ и тоа е мојата предност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДАЛА ЕВРОПА ПРЕД 100 ГОДИНИ: Барселона, Лондон, Милано, Амстердам, Парис…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НА КОЈ НЕ МУ СЕ РАБОТИ, НЕКА СЕ ОТКАЖЕ НА ВРЕМЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ВО СВОЕТО ПРЕМИЕРСКО ЕКСПОЗЕ: Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт

Sase Ivanovski

Мицкоски во своето експозе ја нарече државата Македонија, вети дека ќе продолжи поддршката на Украина: Да ја обновиме довербата во институциите и да ја направиме Македонија место на просперитет, правда и надеж за сите

Sase Ivanovski

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Sase Ivanovski

Фронтот ќе го брани балансерот со писма до ЕУ и САД

Sase Ivanovski

Грчкото МНР со поддршка и солидарност за Кипар по заканите од Хезболах

Sase Ivanovski

Нови детали за трагедијата во Обровац во која загина дете при експлозија

Sase Ivanovski

Најголема нарачка за муниција за Украина доби германската компанија Рајнметал

Sase Ivanovski

КАДЕ СЕ ПАРИТЕ: БЕЗ ДОБРО СМЕТКОВОДСТВО, НЕМА ДОБРО ДА СЕ ПОЛНИ ДРЖАВНАТА КАСА СО ДАНОЦИ

Sase Ivanovski

(Видео) Деветгодишно момче загина во Бразил во несреќа на тренинг за мото трка

Sase Ivanovski

Нивото на образование на родителите во Германија има големо влијание врз децата

Sase Ivanovski

Аналитичари: По гафот на претседателката, Мицкоски смисли излезна стратегија за името

Sase Ivanovski

Архивата на „Охридско лето“ за првпат предадена во Охридскиот архив

Sase Ivanovski

Директорот на црногорската полиција: Бомбашкиот напад во Цетиње е црвена линија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Тревис Скот заврши зад решетки: Раперот предизвикал неред под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Путин од Виетнам: Прашањата со санкциите од трети земји може да се решат

Sase Ivanovski

Подарокот на Путин за Ким голем удар за Западот: Сателитска технологија која им овозможува на неговите проектили да гаѓаат американски бази

Sase Ivanovski

Гутереш повика на нов пристап кон мирот и безбедноста во дигиталниот свет

Sase Ivanovski

Во голем руски напад е оштетена украинска термоцентрала

Sase Ivanovski

ГО ЧУВАШЕ ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ПОЧНА КРВАВАТА ВОЈНА МЕЃУ ДВАТА КЛАНА Кој е Драган Рогановиќ, првата жртва на експлозијата во Цетиње?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СП. поткаст: Штетните трендови на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Канцеларијата за човекови права на ОН нотираше 6 израелски напади врз Газа како можни злосторства против човештвото

Sase Ivanovski

Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел

Sase Ivanovski

(Видео) Руските министри избркани од салата за состаноци во Северна Кореја

Sase Ivanovski

Украински војник со митралез собори руски крстосувачки проектил

Sase Ivanovski
Вчитувам....