Тој додаде дека Србија затоа е далеку од некој дефинитивен предлог, но „јасно кажа кои се нејзините црвени линии”. Подготвени сме да разговараме, важно е да учествуваме во разговорот. Србија е конструктивна и претставниците на меѓународната заедница го гледаат тоа, рече Дачиќ.
Тој оцени да фактот што меѓународната заедница зборува за Србија на сосема погрешен начин и „не сакајќи Приштина да се налути” ја покажува „необјаснивата ирационална врска меѓу некои западни земји и нивното дете” – Косово.Вучиќ неделава изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Пред тоа рече дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.