Во последното издание на КОД премиера беше емитуван доку-филмот „Скршени синџири: Враќање по ИСИС“. Исповед на две жени кои се вратија од Ислмаската држава. Во филмот е прикажано искуството на двете жени чии сопрузи се убиени во борбите на ИСИС. Со своите деца едвај успеале да се вратат во Македонија. Тука, продолжила нивната борба за да се вратат во општеството во Македонија. Успеале да завршат курсеви за да може да се вработат и сами да заработуваат за себе и за семејствата.
Во КОД интервју со Вилма Венковска од „Центар за заедничка основа“, организација која го продуцираше филмот.Интервју и со националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба со тероризам Златко Апостолоски. Дали општеството е подготвено за Враќање од ИСИС и кои се предизвиците и ризиците.