Според министерот, проблемот е хаварија во компресорската станица за кој се чекаат испитувања од Германија, како и истрага на Јавното обвинителство.
– Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори, рече тој, дополнувајќи дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер. Итните случаи на пациенти, како што кажа се пренесуваат во Општа Градска болница и во болницата „8 септември“.