Спасувачката акција во Нови Сад заврши, a при несреќата загинале 14 лица додека 3 се повредени, соопшти министерот Ивица Дачиќ. Денес во цела Србија е прогласен ден на жалост, а во Нови Сад три дена жалост. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара политичка и кривична одговорност и соопшти дека во несреќата загинал и државјанин на Северна Македонија.
„Знам само дека 60 години не ја реновиравме таа настрешница, кога реновиравме сè, не ја реновиравме само неа, зошто – не знам, претпоставувам некој ќе даде одговори“, изјави Вучиќ. Несреќата се случила вчера нешто пред 12 часот. Инаку, железничката за прв пат била реновирана во периодот од 2021 до 2022 година, а по неколку месеци повторно започна реновирањето на истиот дел на станицата. Официјално беше отворена на 5 јули годинава.