-Свесни сме за настаните планирани од групи поттикнати од омраза и раздор во главниот град, изјави доцна синоќа заменик-помошникот комесар Енди Валентин од лондонската Метрополитен полиција. „Тие многу јасно ја кажаа својата намера да предизвикаат нарушување и поделба… Ние нема да го толерираме ова на нашите улици“, додаде тој.На улиците низ англиските градови владее тензична атмосфера, проследена со спорадични насилства, откако минатата недела беа убиени три девојчиња во северозападниот англиски град Саутпорт.
На интернет најпрво се прошири веста дека зад нападот стои Али Ал Шакати, наводен муслимански барател на азил, кој со брод пристигнал во Велика Британија и е на списокот за набљудување на МИ6. На крајот беше објавено дека напаѓачот е 17-годишниот Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда.