На партијата и треба радикален дисконтинуитет со досегашните политики, начинот на кој биле спроведувани но и со кадровските решенија. Јасна е пораката од членовите и граѓаните. Затоа ги повикувам партиските другари од актуелното раководство да преземат одговорност и да го затвориме тоа прашање без понатамошно одлагање. Да се даде предност на СДСМ пред личните желби и амбиции. Во спротивно како ќе им покажеме на граѓаните дека сме ја слушнале и разбрале пораката што ни ја испратиле ако повторно им се понуди она за што рекле јасно “не“. Сега треба да размислуваме за денот понатаму. На СДСМ му е потребен нов концепт и решение за „повторно раѓање“.
Уште пред три години кога понудив еден поинаков концепт и се кандидирав за претседател јасно кажав дека не се согласувам со патот по кој тргна СДСМ. Повторно мотивиран и сега, заедно со еден посветен тим наши другари, но и лица што досега не биле во политиката работиме на концепт кој се заснова на “ние”, а не на “јас”. Денес сум решен тој нов концепт да го претставиме, да го одбраниме и потоа заедно со сите искрени членови и поддржувачи да се бориме за негово спроведување.
Нашиот концепт обединува а не фаворизира, концепт во кој ќе му се чуе гласот на секој еден и ќе има има место за сите кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува. За реформи е потребна храброст и одлучност. Но ова не избор, ова е чин на одговорност што им го должиме на нашите членови и нашите поддржувачи. Само така ќе покажеме дека навистина сме ја примиле пораката и ќе почнеме да ја обновуваме довербата што ја изгубивме. Повеќе на: https://shorturl.at/ttxkN