Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo убиство.
„При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената“, соопшти ОЈО.
Двојно убиство се случило вчерта четвртокот кон петокот, откако 36-годишната жена со нож ги убила сопругот и свекорот.
Како што информираат вчера од МВР, починатиот сопруг бил на 38-годишна возраст додека пак неговиот татко имал 63 години.
По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.