„Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко дејствување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав.
Димитриевски додаде дека сè уште не се договорени никакви кадровски решенија додавајќи дека за нив во втор план се поделбата на власта и министерските позиции. Во прв план, како што нагласи, е да го исполнат она што го ветиле во предизборниот период.Им посака успех на новиот собраниски состав, како и на пратениците.