„Двете политички елити, алчни за власт се обидуваат сите овие дваесетина години да им се приспособат на ДУИ. Ја запоседнаа повеќе од половина извршна власт, а исто така секојдневно ја запоседнуваат и независната, судската власт. Професионалците во системот се настрана, а париските војници ги влечат сите потези“, рече Димитриевски.Тој напомена дека има решенија и мерки кои се состојат во нивниот концепт наречен „Манифест за Македонија“ Во него, како што рече, има пет конкретни решенија.
„Ние го нудиме тоа што е најнеопходно – како да се надминат сите генерирани проблеми во државава и тоа во конкретни рокови. За мене како иден претседател на Македонија апсолутно е неприфатлива измена на Уставот во делот за избор на претседател во Собранието“, рече кандидатот за шеф на државата и објасни дека на таков начин се крши легитимитетот на претседателот.
Кандидатот за претседател од ЗНАМ повика на масовна излезеност на 24 април и од гостиварци побара да ги повикаат нивните блиски, бидејќи, како што рече, овие избори се пресудни за иднината.„Од изборите зависи која насока Македонија ќе ја избере и дали ќе се реализира како приватна држава и сопственост на поединци или како реална граѓанска држава во којашто права ќе уживаат сите. Дадете ја поддршката за бројот седум, бидејќи знам, ќе покажам и ќе потврдам како да ја водам Македонија во вистинска насока“, рече Димитриевски.На собирот се обратија Соња Ѓорѓиевска и првиот човек на гостиварскиот огранок на ЗНАМ, Љубомир Величкоски.