„Говорот на омраза и мизогинијата кон Силјановска извира од Пендаровски, веднаш да се извини за навредите и да преземе одговорност. Пендаровски две недели на митинзи ја подгрева атмосферата на мизогинија и омраза кон Силјановска. Две недели Пендаровски ја навредува Силјановска. Таквата реторика зема корен и кај неговите поддржувачи и активисти, кои охрабрени од него јавно на неговите митинзи со сексистички коментари ја навредуваат Силјановска“ рече денеска на прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа за видеото од вчерашниот митинг на Пендаровски, „каде се гледа како тој го слуша својот активист на два метри од него како ја навредува Силјановска“ вели:
„После ова видео на секого му е јасно дека извор на навредите, говорот на омраза, мизогинијата и сексизмот е Стево Пендаровски. Пендаровски имаше можност да го запра својот активист и веднаш да се извини. Тој тоа не го стори“.Димитриеска Кочоска вели „ова е повеќе од потврда дека Пендаровски сака ваквата кампања со говор на омраза кон Силјановска да фати корен во СДС и Силјановска да биде мета на константа мизогинија“.„Пендаровски промовира вредности кои се спротивни на сите демократски принципи. Ова однесување не смее да биде тренд, туку мора да се осуди. Најмалку што може да направи Пендаровски е веднаш да и се извини на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и да преземе одговорност за нападите кон неа кои се поттикнати од него“ рече таа.