Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?!Новинарката: Ви кажувам дека како што Ве консултирав Вас, ги консултирав и од Град Скопје, од другата страна.Г. Рамадани: И што?!Новинарката: Како што? Вашата изјава дали е во ред?Г. Рамадани: Дека работиме на своја рака?!Новинарката: Вашата изјава дали е во ред? Г. Рамадани: Мојата е во ред, кај кажав дека работиме на своја рака, пи*ка ти материна!Новинарката: Молам? Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака?Новинарката: Јас не сум Ве цитирала во Вашата изјава дека Вие кажувате дека работите на своја рака?Г. Рамадани: Насловот, од кај го извадивте тоа, пи*ка ти материна.Новинарката: Господине Рамадани…Г. Рамадани: Матер ти еб*м…Новинарката: Значи, во Вашата изјава не пишува такво нешто и Вашата изјава е пренесена како што треба. Насловот е цитиран од друг извор.Г. Рамадани: Ви плаќаат таму да пишувате, ве плаќаат, ве плаќаат!Новинарката: А кој ме плаќа мене? Кој Ви дозволува на Вас како директор да се обраќате со пцовки кон новинар?Г. Рамадани: Ве плаќаат! Новинарката: Како може да се обраќате со пцовки кон новинар кој коректно Ви се јави и Ви пренесе изјава?Г. Рамадани: Коректно, Вие сте коректни?!Новинарката: Да, точно, ние сме коректни?Г. Рамадани: Ти си коректна?! Новинарката: Да, точно. Изјавата прочитајте ја, во неа ниту еден збор, ни додаден, ни одземен, од Вас е. Во текстот, во насловот односно… Г. Рамадани: Кај пишува дека работиме на своја рака, од кај го земавте тоа? Новинарката: Од брифинг од друг извор, кој немам обврска да го откријам. Г. Рамадани: А бе кои сте вие да пишувате таков наслов?! Новинарката: Ние го пишуваме насловот врз основа на наши извори.Г. Рамадани: Ќе ве тужам, да знаете! Новинарката: Ако мислите дека имате основа за тужба, слободно. Г. Рамадани: Не мислам, 100 посто! Новинарката: Добро, во ред. Г. Рамадани: Ќе видиш, ќе видиш! Новинарката: Какви се овие пцовки и закани? Г. Рамадани: Ќе видиме, ќе видиме, да знаеш!
Редакцијата на „Фокус“ искажува поддршка до колешката Додевска и до редакцијата на МКД.мк. Ги повикуваме новинарските здруженија, но и институциите да реагираат и да овозможат услови за работа на новинарите во кои тие ќе се чувствуваат безбедни.