Дискотеката „Пулс“ во Кочани која изгоре и во која животот го загубија 59 лица со години се водела на име Дејан Јованов-Деко и во Кочани сите го знаат како сопственик во дискотеката. Всушност дискотеката до 9 февруари 2024 година се водела на компанијата Класик ДМ Кочани, чиј сопственик бил Јованов, и во 2022 година токму на име на ова компанијата на дискотеката и била издадена лиценца за кабаре.
Сега официјално дискотеката е во сопственост на друга компанија МММ Кафе Дооел Кочани и според засега достапните информации која е на име на Александар, за кој жителите велат дека бил менаџер. Истрагата треба да утврди како се менувало и зошто сопствеништвото. Претходната компанија веќе е неактивна, а била формирана во 2009, а компанијата која сега управувала со дискотеката имала блокирана сметка и била формирана во 2020 година.
Неофицијални Јованов е еден од дваесетината приведени.