„Побарани се податоци и по нивното обезбедување од сите институции до кои е доставено барањето ќе ја изанализираме состојбата и ќе донесеме одлука на јавна седница“,рече претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во одговор на новинарско прашање по денешната седница на Комисијата.
Членот на ДКСК, Зоран Богоевски, на денешната седница информира дека Антикорупциска го испратила барањето за обезбедување на потребната документација до Јанушев на 16 јули, а вчера (23 јули) е примено од страна на генсекот на Владата. Предметот, како што рече, ќе биде разгледан откако ќе биде доставена потребната документација и ДКСК ќе донесе одлука во најбрзо време.Антикорупционерите информираа дека веќе постапуваат по уште еден актуелен предмет оформен неодамна – патувањето на постариот син на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон во периодот кога македонска делегација беше во САД каде што учествуваше на Самитот на НАТО