Ок супер!Одлично!Само мала корекција и критика на оваа одлука:
Медицинската дејност е тимска работа.Ако се изразуваме со спортски жаргон би рекол “футбал” а не “тенис” или “соло играње”.Кога се вработуваат лекари истовремено треба да се вработуваат и медицински сестри и друг здравствен персонал, па дури и нездравствен персонал.
Постојат формули кои одредуваат колку треба да бидаат во размер лекарите наспроти медицинските сестри во одредено одделение и тоа минимум 1:2,1:3 па дури и 1:4 и 1:5 зависно дали се работи за обично одделение на Интернистички гранки,ОРЛ и сл. или Интензивна нега и лекување каде размерот меѓу лекарите и медицинските сестри треба да биде најголем, во корист на медицинските сестри.Во спротивно, ќе дојдеме во ситуација да пак да не се може да се зголеми работниот перформан и дејноста на лекарите,ќе останат без ангажман,и само ќе се трошат залудно пари од буџетот за платите на лекарите(оваа состојба ја имаа во многу болници и клиники).Барајте за секој лекар секојдневен работен ангажман а не дали се “куцале” на влезната врата при доаѓање на работа или заминување од работа.
Не сум сигурен ,претпоставуваам, дека Министерот за Здравство нема завршено средно медицинско,но знам со сигурност дека има предавано во средно медицинско и треба да знае дека пациентите освен за лекување и медицински третман од страна на лекарите имаат потреба и за давање и рапределување на препишаната терапија, особено нега.Залудно е лекувањето од страна на лекарот без нега ,исхрана и физикална терапија.