10.8 C
Скопје
03/12/2024 16:23
МАКТЕЛ

 

Доналд Трамп: Од хотелски магнат, преку Белата куќа, до притвор и атентат

     

Долго пред да стане претседател на САД, Доналд Трамп беше најпознатиот и најинтригантниот американски милионер. Се кандидираше на претседателските избори во 2016 година и како целосен аутсајдер ги изненади сите, најпрво искусните противкандидати во трката за номинација на Републиканската партија, а потоа и противкандидатката Хилари Клинтон од Демократската партија. Трамп победи и покрај сите прогнози кои покажуваа спротивно, во стилот на песната „Against All Odds“ на Фил Колинс.

 

Сега повторно е кандидат за Белата куќа, но наместо реванш со Џозеф Бајден за поразот на изборите во 2020 година, противкандидатка му е Камала Харис. Од неговиот прв претседателски мандат до денес, контроверзниот милионер, 78-годишниот Трамп, помина низ многу нешта. Тој е првиот американски претседател кој беше двапати отповикан со импичмент. Тој е прв е претседател на САД кој е кривично гонет и заврши во притвор 20 минути.

  

Прв американски претседател на кој федерални агенти му ја претресоа куќата, по што беше обвинет дека задржал доверливи документи по завршувањето на мандатот, што не смеел да го направи. Во 2024 година врз него беше извршен атентат, при што куршумот му го „лизна“ увото.

(Нови) предизборни ветувања

Официјално го објави влезот во кампањата за претседателските избори во 2024 година, во својот приватен клуб во Флорида.

„Враќањето на Америка почнува токму сега. Мораме да ја зачуваме нашата земја“, изјави Трамп на 16 ноември 2022. Тој стана официјален кандидат на Републиканската партија на 16 јули 2024 година, неполни 48 часа по атентатот врз него. Трамп остана верен на главниот слоган: „Да ја направиме Америка повторно голема (Make America Great Again – MAGA)“, што е на капите и маиците на неговите приврзаници.

Заради остриот јазик и честите навреди кон ривалите, кампањата на Трамп не се разликува од претходните. Главните теми му се економијата и миграцијата. Се залага за нови царински тарифи од 10-20 проценти за повеќето странски производи и многу поголеми за производите од Кина. Ветува дека ќе ја „прекине инфлацијата и ќе ја направи Америка повторно достапна“, ќе воведе пониски каматни стапки, иако претседателот нема директна контрола врз нив.

Трамп се зарече дека ќе ја затвори границата со Мексико со завршување на ѕидот и зголемување на полициската контрола, најавувајќи ја најмасовната депортација на мигранти без документи во историјата на САД.

Тврди дека би ја „завршил војната во Украина за 24 часа“ со преговори со Русија, што според демократите би можело да го охрабри Владимир Путин.

Се претставува како решителен сојузник на Израел, но ретко зборува за тоа како би го завршил конфликтот во Газа.

Додека беше во Белата куќа (2016-2020), Трамп укина стотици мерки за заштита на животната средина, вклучително и ограничувања на емисиите на јаглерод диоксид од електрани и возила. Во оваа кампања вети дека ќе го прошири дупчењето на Арктикот, напаѓајќи ги електричните возила.

Трамп истакна дека додека е претседател, нема повторно да се обиде да го укине Законот за достапна здравствена грижа, со кој се проширува здравствено осигурување на милиони Американци.

Тој предлага и третмани за плодност на трошок на даночните обврзници, но тоа би можело да наиде на отпор кај републиканците во Конгресот.

Притвореник број P01135809

Неговата нова кандидатура за Белата куќа се случува и покрај бројните истраги против него. Трамп стана првиот поранешен или актуелен американски претседател прогласен за виновен за кривично дело.

Фотографиран е во затвор, заведен како затвореник број P01135809 – првата официјална затворска фотографија на некој американски претседател.

Против него се водат четири кривични постапки. Тој е обвинет дека се обидел да ги промени резултатите од претседателските избори во 2020 година во своја корист.

Трамп ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани.

Обвинет е и за фалсификување на деловни податоци, односно за исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера. Судот во Њујорк во јули 2024 година го одложи изрекувањето на пресудата.

Судењето на Флорида, каде Трамп е обвинет дека злоупотребил доверливи државни документи што ги чувал во својата вила, е одложено на неопределено време. Истите доверливи документи беа пронајдени и во приватни објекти во сопственост на сегашниот претседател на САД, Џозеф Бајден.

Што го одбележа првиот претседателски мандат на Трамп?

Симпатиите на Трамп кон рускиот претседател Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган- претседателот на Турција, Жаир Болсонаро – поранешниот претседател на Бразил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, беа спротивни на вредностите што САД ги промовираше до тогаш.

Се сретна со Путин во 2018 година во Финска, предизвикувајќи критики во САД кога изјави дека му верува дека Русија не се мешала во американските избори. Наводно, го поканил Путин да ја посети САД, што повторно предизвика негативни реакции.

Американскиот претседател Доналд Трам и се заблагодари на Русија за упатената медицинска опрема што ќе помогне во спасувањето животи на Американците пред налетот на пандемијата на коронавирус

Двапати се сретна и со севернокорејскиот лидер – еднаш во Сингапур и вторпат во Виетнам.

Пред тие разговори, Трамп и Ким си разменија различни навредливи изрази. „Мал ракеташ,“ рече Трамп за Ким. „Ментално пореметен американски остарен старец,“ возврати Ким Џонг Ун.

Владеењето на Трамп беше обележано и со повлекување на САД од неколку важни мултилатерални договори. САД се повлекоа од Парискиот договор за борба против климатските промени, како и од договорот за иранската нуклеарна програма.

Трамп предизвика и дипломатски конфликт со Данска во 2019 година, кога изјави дека Америка е заинтересирана да го купи островот Гренланд, автономна покраина под надлежност на европската држава. Откако му беше кажано дека Гренланд не е на продажба, тој ја откажа планираната посета на Данска, што ја изнервира премиерката Мете Фредериксен.

Упадот во Капитолот

Она што најмногу го обележа претседателскиот мандат на Трамп од 2016 до 2020 година всушност се случи кон неговиот крај, кога изгуби од Бајден. Несогласувајќи се со поразот, Трамп ги повика своите приврзаници на собир во Вашингтон на 6 јануари 2021 година. Во моментите кога членовите на Конгресот се подготвуваа да ја потврдат победата на Бајден на изборите, приврзаниците на Трамп започнаа упад на најважната зграда на американската демократија. Во нередите загинаа неколку луѓе, главно поради срцеви удари.

Демократите во Претставничкиот дом по нередите изгласаа отповикување на Трамп, иако до крајот на неговиот мандат остана само една недела. Тој беше обвинет за поттикнување на бунт, но Сенатот го ослободи од обвиненијата.

Избраната конгресна Комисија за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари ги почна првите сослушувања. За денеска закажани се сведочења на четворица полицајци, двајца од полицијата на Капи

За упадот во Капитолот, меѓу другите, беше осуден и поранешниот лидер на екстремно десничарската група Гордите момци (Proud Boys), која се поврзуваше со Трамп. Енрике Тарио во 2023 година беше осуден за организирање бунт и заговор, дела кои потекнуваат уште од времето на американската граѓанска војна. Му беше изречена казна од 22 години затвор, што е најдолгата казна досега за напад на седиштето на американската демократија.

За Трамп и многумина од неговата база, деновите по нередите се приказна за претрпена неправда и владина завера.

Поранешниот претседател продолжи да ги повторува истите лажни обвиненија кои го инспирираа упадот: дека му била одземена победата на изборите во 2020 година. Со изјавите го ублажуваше значењето на нередите во Капитолот и ги претставуваше стотиците приврзаници осудени за учество во нападот како политички затвореници. Еднаш изјави дека, ако се врати во Белата куќа, многумина од нив ќе ги помилува. Во предизборната кампања во 2024 година, 6 јануари го нарече „ден на љубовта“. Поранешниот претседател рече дека илјадници луѓе тој ден дошле во Вашингтон затоа што „верувале дека изборите се наместени“.

Таткото како инспирација

Доналд Трамп е четврто дете на Фред Трамп, њујоршки тајкун во бизнисот со недвижности. Иако е роден во богато семејство, се очекувало да работи на најниските позиции во компанијата на татко му. Со 13 години, поради непослушност во училиште, го испратиле во воена гимназија. На Универзитетот Пенсилванија студирал на факултетот Вартон. Станал прв кандидат за наследник на татка му откако неговиот брат Фред одлучил да стане пилот.

Фред Трамп починал на 43 години од алкохолизам, што го натерало неговиот брат Доналд цел живот да избегнува алкохол и цигари.

Трамп вели дека влегол во бизнисот со недвижности со „мал“ заем од татко му во вредност од еден милион долари, пред да стане дел од семејната компанија. Помагал во управувањето со долг список на станбени проекти во различни њујоршки населби, а во 1971 година ја презел контролата над компанијата, тогаш преименувана во „Трамп организација“.

„Татко ми беше моја инспирација,“ рече Трамп по смртта на татка си во 1999 година.

Трамп како могул

Доналд Трамп го смени фокусот на семејниот бизнис од станбени единици во Бруклин и Квинс кон блескави проекти на Менхетн, реновирајќи го хотелот „Комодор“ кој стана „Гранд Хајат“ и изградбата на 68-катната „Кула Трамп“ на Петтата авенија, најпознатата зграда на Трамп.

Следуваа и други недвижности со славното име – „Трамп Плаза“, „Трамп Светска Кула“, „Меѓународен хотел и кула Трамп“. „Кули Трамп“ постојат во Мумбаи, Истанбул и на Филипините. Трамп, исто така, развива бизнис со хотели и казина, иако за тој дел од бизнисот четири пати поднесувал барање за банкрот – за компаниите, а не за себе лично.

Трамп изгради и империја во шоу-бизнисот. Ги поседуваше лиценците за изборите за Мис Свет, Мис САД и Млада Мис САД од 1996 до 2015 година.

Дебитираше во реалното шоу на NBC „Приправник“ во 2003 година, каде учесниците се натпреваруваа за работа во управата на компанијата на Трамп. Беше домаќин на 14 сезони на шоуто, а во финансискиот извештај тврди дека за тоа бил платен 213 милиони американски долари.

Автор е на неколку книги, а поседува и бренд што опфаќа сè – од кравати до флаширана вода. Според магазинот Форбс, неговото богатство изнесува 3,7 милијарди американски долари, иако самиот Трамп инсистира дека поседува 10 милијарди долари.

Сопруг и татко

Трамп бил женет три пати, но најпозната му е првата сопруга, чешката манекенка и спортистка Ивана Зеленичкова, со која ги има Доналд помладиот, Иванка и Ерик. Се развеле во 1990 година, а разводната постапка често се провлекуваше по таблоидите кои пишуваа и за обвинувања дека Трамп ја злоупотребувал Ивана, иако таа подоцна ги демантирала тие приказни. Ивана Трамп почина во 2022 година.

Со актерката Марла Мејплс се оженил во 1993 година. Добија ќерка, Тифани, а се развеле во 1999 година.

Со сегашната сопруга, манекенката со потекло од Словенија, Меланија Кнаус, се оженил во 2005 година и со неа има син – Барон Вилијам Трамп.

Децата од првиот брак му помагаат во раководењето на „Трамп организација,“ иако тој сè уште е на нејзино чело.

Победата на Трамп во 2016 година

Трамп покажал интерес за претседателската кандидатура уште во 1987 година, а во 2000 година влезе во трка од страна на Реформската партија. По 2008 година, станува еден од најгласните претставници на движењето, доведувајќи го во прашање дали Барак Обама е роден во САД. Овие тврдења беа јасно отфрлени, утврдено е дека Обама е роден на Хаваите. Трамп за време на претседателската трка конечно призна дека неговите претходни тврдења не биле вистинити, но не се извини.

Во јуни 2015 година, Трамп официјално ја најави трката за Белата куќа. „Ни треба некој што буквално ќе ја преземе оваа земја и повторно ќе ја направи голема. Ние можеме тоа,“ изјави во говорот кога ја објави кандидатурата.

Со мотото „Да ја направиме Америка повторно голема“, Трамп водеше кампања заснована на ветувања дека ќе ја зајакне американската економија, ќе изгради ѕид на границата со Мексико и привремено ќе ја забрани имиграцијата на муслимани, „сè додека претставниците на нашата земја не сфатат што се случува“. И покрај масовните протести на митинзите и силната кампања на партиските ривали Тед Круз и Марко Рубио, Трамп ја освои номинацијата на Републиканската партија по примарните избори во Индијана.

Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот пр

Кампањата на Трамп беше потресена од контроверзии, меѓу кои и објавувањето на снимка од 2005 година на која се слушаат неговите вулгарни коментари за жените, како и тврдењата, дури и од неговата партија, дека не е способен за претседателската функција. Трамп постојано ги потсетуваше поддржувачите дека ги отфрла предизборните анкети, според кои беше зад Хилари Клинтон, и дека неговиот мандат ќе биде удар на политичката елита, како и дека ќе го „исуши политичкото мочуриште“ во Вашингтон.

Инспирацијата ја пронајде во успешната кампања за излез на Британија од Европската Унија, велејќи дека ќе „го надмине Брегзит десет пати“. Само неколку колумнисти го предвидоа она што ќе се случи на денот на изборите, иако шансите му се зголемија по објавувањето на податоците за контроверзната ФБИ истрага за електронската пошта на неговата противкандидатка. Додека впечатокот од неговата изненадувачка победа се уште се ширеше низ Соединетите Држави, поддржувачите на Трамп веќе имаа можност да го видат во Овалната соба на состанокот за пренос на власта со претседателот Обама, два дена по изборите.

Трамп е првиот американски претседател кој претходно не бил избран за никаква функција, ниту служел војска. Со тоа, влезе во историјата уште пред да положи заклетва на 20 јануари 2017 година како 45. претседател на Соединетите Американски Држави

 

Најново

ВАЖНО Е КОЈ СТОИ ЗАД НАПАДОТ НА ИБАР-ЛЕПЕНЕЦ, А НЕ КОЈ Е СТОРИТЕЛОТ Вучиќ негира дека Србија е поврзана со експлозијата во каналот

Sase Ivanovski

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО Израел изврши серија смртоносни напади врз Либан

Sase Ivanovski

Најмладиот хулиган: 6-годишно дете доби забрана за влез на стадион во Франција

Sase Ivanovski

Семејна винарија Стојков: Вино произведено од сертифицирано органско грозје трета година НАПРАВИТЕ РАЗЛИКА

Sase Ivanovski

Хрватскиот парламент ќе расправа за доверба на премиерот Пленковиќ

Sase Ivanovski

100 години со „Волшебната планина“ од Томас Ман

Sase Ivanovski

Белградскиот градоначалник се повлекува: Доста е!

Sase Ivanovski

РИЗАОВ: Повторно заробена држава

Sase Ivanovski

Противпожарната служба на Грција примила речиси 4.000 повици за помош поради невремето „Бора“

Sase Ivanovski

САД испраќаат 725 милиони долари воена помош за Украина

Sase Ivanovski

Протестен марш во Скопје поради загадениот воздух

Sase Ivanovski

Муцунски пред европратениците: Една партија не може да прифати дека е во опозиција

Sase Ivanovski

Ова се 10-те најбогати луѓе во светот: Бил Гејтс испадна од листата

Sase Ivanovski

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

Sase Ivanovski

Елтон Џон го загубил видот – без помош не може да оди на проби и да настапува

Sase Ivanovski

(Германски медиуми) Експлозија на Косово: „Подготовка на теренот“

Sase Ivanovski

Од полноќ промена на цената на горивата – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Просветна инспекција влегува на Универзитетот за туризам за да го провери студентското досие на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Неполни две години по ампутацијата на двете нозе, Златко Ѓоргиев успешно го заврши маратонот во Базел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС

Sase Ivanovski

Лефков: Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат, ако мислат дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лажат

Sase Ivanovski

Филипче за Меѓународниот Ден на лица со попреченост: Темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите

Sase Ivanovski

Герасимовски за МИА: Во сите центарски училишта поставуваме пристапни рампи за лицата со попречености

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Економската и политичката стабилност на Владата дава резултати, Македонија за 2024 година бележи рекорден прилив од странски директни инвестиции со можност да достигнат 1 милијарда евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски сака да го партизира судството побрутално од времето на Груевски

Sase Ivanovski

(ФОТО) Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите

Sase Ivanovski

(Видео) Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски совет

Sase Ivanovski

Гаши-Меѓународен ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Пренџов: Секој што направил нешто спротивно на закон ќе одговара, тоа е демократија и правна држава

Sase Ivanovski

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух

Sase Ivanovski

(ФОТО) МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

МВР: Лишен од слобода крадец во Тетово

Sase Ivanovski

МВР: Приведен бегалец од затвор

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски нема да ја промени преговарачка рамка со што докажа дека СДСМ го заштитила македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Од „Нема правда, нема мир“ на СДС до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем, Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон

Sase Ivanovski

Филипче: Заканите кон судиите и обвинителите ја загрозуваат независноста на правосудниот систем

Sase Ivanovski

Филипче: Ветувањата на власта за инфраструктурни проекти од 250 милиони евра во општините се голема лага

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Бесплатниот транспорт до болница за лицата со попречености искористен 197 пати

Sase Ivanovski

(ФОТО) Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Sase Ivanovski

Шукова: Потребна е лидерска средба, политиките на поделба мора да престанат – носат долгорочни штети за граѓаните

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти

Sase Ivanovski

Дарежлив Вторник по трет пат во нашата земја

Sase Ivanovski

“БИСТРО – МАТНО” БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец Ноември 2024 година

Sase Ivanovski

Филипче: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа – судството, безбедноста, институциите под партиска контрола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

Sase Ivanovski

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Sase Ivanovski

Филипче: Безбедносните структури стануваат партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Поткомитет за истраги за пандемии на Претставничкиот дом: Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан

Sase Ivanovski

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

Sase Ivanovski

Мицкоски на работна вечера со новиот претседател на Европскиот совет и лидерите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Захарова: На Зеленски не му требаат граѓаните на Украина

Sase Ivanovski

Момче го изгуби видот поради петарда

Sase Ivanovski

Шефовите на дипломатии на НАТО членките ќе разговараат за војната во Украина и руските хибридни напади

Sase Ivanovski

Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

Sase Ivanovski

Скопјанец подметна пожар во Адвокатската комора, предизвика штета од 150.000 евра, па побегна од државава

Sase Ivanovski

МИЛИЈАДЕРКА ОД ВИЕТНАМ ОД ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КОРУПЦИСКИ АФЕРИ ЧЕКА ПРЕСУДА: „АКО НЕ ГИ ВРАТИ 9 МИЉАРДИ ДОЛАРИ ЌЕ ОДИ НА СМРТНА КАЗНА“

Sase Ivanovski

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ФОЛКСВАГЕН: ПОЧНАА ШТРАЈКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛАС НА АМЕРИКА: Снимките од дрон покажуваат голема штета, по поплавите на бурата Бора, на грчкиот остров Родос

Sase Ivanovski

📽️ ШОН ПЕН НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ СО ДЕВОЈКАТА КОЈА Е ПОМЛАДА ОД НЕГОВАТА ЌЕРКА Холивудската ѕвезда по три разводи е повторно вљубен во 34 години помладата актерка

Sase Ivanovski

6.000 полицајци и жандарми ќе ја обезбедуваат церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз

Sase Ivanovski

Зошто Мицкоски не зборува за ревизија на работењето на неговите градоначалници, прашува Филипче

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица – не се по меракот на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Два дена завеани во снег и заборавени: Голгота на жителите на Никифорово

Sase Ivanovski

Трамп се закани: „Ќе има многу големи проблеми на Блискиот Исток ако не бидат ослободени заложниците

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НАЈУБАВИТЕ РЕСТОРАНИ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

АА: КУМАНОВО ПОВТОРНО Е ИЗБРАНО ЗА АРЕНА ЗА ОПАСНИ СЦЕНАРИЈА

Sase Ivanovski

Незаборавни дела од легендарните уметници Ашик Вејсел и Зеки Мурен оживуваат на Балканот преку џез интерпретации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРИЈА НАПРАВИ ПИЦА ОД МАГАРЕШКИ КАШКАВАЛ И ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

ВИНСКА СОБА: Во срцето на Овче Поле, каде што сонцето несебично ја излева својата енергија на лозовите насади, а земјата раскажува древни приказни, се роди нова ѕвезда на македонското винско небо – @ilievskiwinery Илиевски винарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАШИОТ СИМОН ТРПЧЕВСКИ НАСТАПИ ВО СОЛУН ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА НОВОТО МЕТРО, ДОБИ ОВАЦИИ ОД СОЛУНЧАНИ

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ СЕЛА ТРЕТ ДЕН СЕ БЕЗ СТРУЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Од 1 јануари ќе има нов ценовник за електричната енергија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ1МК: Младиот гостиварец Анди Исмаили стана светски шампион во модерен танц, обвиткан со македонското знаме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУЦУНСКИ: Во своето обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, нагласив дека македонскиот народ низ историјата поминал низ бројни предизвици и жртви на патот кон европската интеграција, но останал непокорен, со непоколеблива надеж и силна верба во подобра иднина

Sase Ivanovski
Вчитувам....