23.7 C
Скопје
20/05/2025 16:30
МАКТЕЛ

     

Досие „северна“: Скандал или бура во чаша вода?

      

Зошто ВМРО-ДПМНЕ, уште недојдени на власт, ја стави Македонија во трета брзина во односите со соседите, со Европа и со светот?

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА
За два месеци новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова најверојатно ќе треба да ја преставува Македонија на јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон и да седне на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од НАТО утрово ја потсетија со кое име е примена Македонија во членство и како е преставена, односно дека за нив не постои држава „Македонија“.

   

На самитот ќе биде и претседателот на САД, Џо Бајден, кој има извршна наредба за тие што ќе се обидат да да им стават крај на Преспанскиот, Охридскиот и договорот со Бугарија. Сестрата  на Мицотакис, екс-шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, веќе порача дека последиците за Македонија ќе бидат „колосални“ и дека како земја ние не ќе можеме да ги издржиме. На какви потези мисли не е јасно, но е очигледно дека Грција не е Бугарија и дека за неколку часа успеа да издејствува бројни реакции од ЕУ и земјите членки, со порака притоа – Сиљановска нека се самоопределува како сака, но кога зборува како претседател треба да го почитува тоа на што се потпишала државата.

Реакциите дополнително ќе ескалираат кога ќе биде формирана новата влада и кога премиер ќе стане Христијан Мицкоски, кој како и Сиљановска собира рејтинг од некористењето на уставното име на државата. Сите овие настани и најави најдобро ги опиша еден твитерџија во една реченица: „Една недела од изборите, а веќе нѐ скараа со половина Европа и со тројца соседи!“

Поранешниот шведски амбасадор во земјава, Матс Стaфансон, овој гест на Сиљановска на Твитер го оцени како „не баш најсјаен потег на новата претседателка кој ќе ја оддолжи и онака долгата евроинтеграција на земјата“. Шпанскиот аналитичар и добар познавач на Балканот, Раниер Јаарсма напиша дека „Грција ќе ја уништи секоја надеж за прогрес на Македонија во ЕУ во мандатот на оваа влада и таа не ќе може ништо да испорача“.

Од ботовите на власта што доаѓа порачаа дека тие што спиеја со години додека Грција не ги ратификуваше меморандумите, не ги менуваше таблите и не го исполнуваше Договорот од Преспа и на кои не им беше важно решението за името тогаш кога требаше да ги почнат преговорите со Македонија, сега одеднаш врескаат и предупредуваат од нови вета, при што им порачаа – кај едно таму две, давајте уште!

Реално, во право се и првите и вторите. Дилемата е – зошто ВМРО-ДПМНЕ (и Сиљановска како нивни експонент) ја ставија веднаш Македонија во трета брзина, т.е. уште недојдени на власт се фатија со провокации кон Грција, ЕУ, САД и Бугарија? До каде се подготвени да одат и дали под притисок на гласачите што ги палеа со децении со загрозувањето на идентитетот на нацијата навистина ќе го пратат во историја Преспанскиот договор, дали ќе се задоволат само со тоа да не го почитуваат или и натаму само ќе провоцираат и ќе се кријат зад дупки во регулативите. Пуштајќи ги притоа ботовите да им аплаудираат како деновиве – колку се храбри, колку се умни, колку се патриоти и слични нешта, кога и Бранко Црвенковски така собираше рејтинг во ОН, а никој веќе не се сеќава на тоа ниту виде некаква корист Македонија. Грците деновиве се прашуваат дали Мицкоски се дотера толку до зид со паролата „Никогаш северна, само Македонија“ што сега, сакал – нејќел, ќе мора да продолжи?

Од друга страна, оваа сапуница практично за 24 часа ја смени главната тема во државата и главната „битка“ на ВМРО-ДПМНЕ најавувана во кампањата. Имено, по неколку месеци врескање да ѝ се даде шанса за деалбанизација и за декриминализација на Македонија од ДУИ, наеднаш тема стана „десевернизацијата“, иако реално никој не ја спомна во кампањата, па е и апсурд што се отвори одеднаш Преспанскиот договор место да се преиспитува Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, кој самата Софија веќе еднаш побара да се преиспита.

Прашање е, наедно, кој им даде мандат на Мицкоски и на Сиљановска да го отвораат затвореното прашање со Грција кога бројот на граѓани кои гласаа на референдумот за Преспа беше поголем од тие што ги собра новата претседателка на изборите? Од каде добија идеја дека треба да нѐ прават „горди“ на штета на почитувањето на Уставот на државата.

Сепак, потегот на Сиљановска може да се покаже и корисен, бидејќи конечно ќе се види кој во што верува, кој што застапува, кој зборува едно а прави друго, кој нѐ носи во Европа, а кој работи така што никогаш нема да станеме земја членка на Унијата. Провокацијата со името ќе покаже и дали е вистина дека над 60 отсто од граѓаните на Македонија навистина сакаат таа да влезе во Унијата и колку се подготвени да се борат за таа цел ако некој им ги урива надежите со ставање македонски рампи на тој пат. Потегот конечно ќе покаже дали имаме јастреби во новата власт или имаме само пауни за парадирање и сликање.

Бројот на оние кои веруваат дека за ВМРО-ДПМНЕ влегувањето во ЕУ е само реторика и дека сакаат да ја оддалечат Македонија од Брисел без тоа да го признаат, сѐ повеќе се зголемува. Од тој аспект во право се поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ што не се плашат од пораките, предупредувањата и заканите од Грција, САД, ЕУ и НАТО, бидејќи реално нема начин како да ги санкционираат ако сакаат да го употребуваат уставното име, а и немаат ни со што да им се заканат кога многу малку граѓани веруваат дека Македонија навистина некогаш ќе добие членство во ЕУ.

Опасноста затоа не доаѓа од надвор туку од внатре, односно од одговорот на прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ уште недојдено на власт ја стави Македонија во трета брзина во односите со Европа и светот. „Десевернизацијата“ по с изгледа ќе биде новото „Скопје 2014“ и реприза на 2008-та, а на власта ѝ се брза додека ЕУ е во предизборие и не е јасна сликата во САД, да го истурка концептот на вртење на Македонија во друг правец, иако тоа не го ветуваше ниту спомнуваше во предизборната кампања.

На Мицкоски веројатно му се брза и да го смени  општеството за да функционира според интересите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на подолг рок неговата политика ќе биде прочитана, т.е. ќе стане јасно колку вредат изборните ветувања, особено по милијардата заем неофицијално од Орбан и стратешките инвестиции кои сега не се заради провизија, а беа кога ги носеше СДСМ во земјата.

Во тоа им помогнаа во голема мерка токму Грција, Бугарија и ЕУ –Мицотакис непочитувајќи го договореното за ратификација на меморандумите и држејќи ги односите со Македонија на ниско ниво, Бугарија со неодмерените барања и навредливи изјави, а ЕУ со индиректното внесување на Протоколот во преговарачката рамка за Македонија и необјаснивите вета. Радев дури си дозволи да каже дека изјавите на Сиљановска не доликувале на земја членка на НАТО и сојузник, иако како членка на НАТО и сојузник мафташе со закани од Софија.

За тие гестови Мицковски може само да им каже „благодарам“, бидејќи му обезбедија победа што не можеше ни да ја сонува, а времето ќе покаже дали и тие ќе му возвратат со „благодарам“, бидејќи на оваа тема и тие собираат политички поени во јавноста. Практично Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ им дадоа шанса да ни шутираат пенал, а последиците ќе одат на контото на граѓаните на Македонија, која со „Северна“ или без, ќе остане непристојно место за живеење ако место реалните прашања и натаму ни се продаваат истите отворени прашања како најсудбински за државата. Симптоматично притоа е дека освен Зоран Заев, како потписник на Договорот од Преспа, СДСМ беше единствената политичка структура што не реагираше на намерната провокација на Сиљановска во Собранието што може да се протолкува како став – баравте, сега гледајте. Линк

   

Најново

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Sase Ivanovski

Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје одбележавн 20 Мај Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Николоски е овластен да го потпише стратешкиот договор, ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ОЈО да ги проверува анкетните листови на сите функционери! Не ни треба ветинг, добро се знае кој, што правел

Sase Ivanovski

Нема повеќе пасоши! – Следната година, за летување ќе мора да имате оваа дозвола!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција

Sase Ivanovski

Костадинов: Со посебно задоволство ја прифатив поканата и заедно го одбележавме Вашиот ден, Денот на пожарникарите

Sase Ivanovski

Зоран Љутков: Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци

Sase Ivanovski

Божиновска: Во Брисел со јасна порака – реформите во енергетиката носат резултати, а Македонија е подготвена за повеќе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Sase Ivanovski

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

Sase Ivanovski

Митовски: Со изградба на монтажна катна гаража со нови 166 паркинг места, го решаваме проблемот со паркирање во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ФЕРАРИТО НА ИЏЕ ЌЕ СЕ БАКНЕШЕ СО БАНКИНАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

Sase Ivanovski

Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Припадниците на Логистичката база (ЛБ), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, го одбележаа 20 Мај, денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

Sase Ivanovski

Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната која покажува напредок во родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен?

Sase Ivanovski

По свечено отворање на Деновите на поезијата, поетската авантура продолжува особено во знакот на младите

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари за практиканство во Општина Центар, студенти пријавете се на повикот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во радовишко, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Фуркан го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова знаела кого ќе предложи за иден гувернер, но сè уште не го открива

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Со Стратешкото партнерство со ОК е утврдена рамката која може да ја користиме, средствата ќе се користат со пониска камата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРСКИ МАРШ НА „ПРВИОТ МУЗИЧКИ ПАТ ВО ТУРЦИЈА“

Sase Ivanovski

Град Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски

Sase Ivanovski

Лефков: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи модернизација на железничката инфраструктура и ќе донесе инвестиции во здравствениот сектор

Sase Ivanovski

Го уапсиле за учество во тепачка, па признал дека крадел и автомобили

Sase Ivanovski

Тримчевска: Професионалниот развој е инвестиција  во наставниците и е иднина на учениците и општеството

Sase Ivanovski

Запален автомобилот на политичар во Битола

Sase Ivanovski

Герасимовски: Услугата „Итно копче“ позитивно оценет од центарци, соработката со Црвениот крст сѐ повеќе се зајакнува

Sase Ivanovski

Претрес во битолско Лавци, пронајдена дрога – уапсени се три лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти

Sase Ivanovski

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

Sase Ivanovski

Дневен ред за 10. седница на Уставниот суд закажана за денеска (20.05.2025)

Sase Ivanovski

Официјализирана пратеничката група на „ВРЕДИ“ со девет пратеници

Sase Ivanovski

Талески: За жал ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Sase Ivanovski

Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Sase Ivanovski

Питер Шиф го критикува трговскиот договор меѓу САД и Кина – вели дека азиската нација победила нарекувајќи го „блефот“ на Трамп за царините од 145 отсто

Sase Ivanovski

Шаховскиот велемајстор Магнус Карлсен е принуден на реми во пресметката против „светот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Во паркингот на префектуралната зграда во Мијазаки. Во случај на земјотрес, овие структури се дизајнирани да делуваат како *амортизери*, апсорбираат треморите и ги одржуваат горните делови на зградата – Генијално!

Sase Ivanovski

Марија Дуда: Додека јас работам за доброто на животните и радоста на луѓето нема да ме реметите со инспекции за 6 месеци – 4 различни

Sase Ivanovski

Муцунски: Утрово остварив средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сабри Азири: Членството на АА се противи на одлуката на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Grizzly планински еко центар – уникатна дестинација на најубавиот видик на Козјак!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Што ќе добие Македонија од новиот стратешки партнер, Британија? Владата негира дека ќе се отворат кампови за азиланти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа: Зошто ВМРО-ДПМНЕ одби да го поддржи предлогот на СДСМ за помош на семејствата на жртвите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Револтот за паркинг во Скопје прераснува во забавен бунт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХУМАНИТАРНА ТРКА ЗА ПОГОДЕНИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Sase Ivanovski

Гарип Каба: Хибридниот режим на ( НеВреди) започна прогон, ги уапси моите двајца синови

Sase Ivanovski

Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Девојкава е од Франција и моментално е на три месечна обука за ткаење во @narodninosii33 во Скопје на Рекорд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Принципи, бројки, моќ и превласт – што се стои зад превирањата во ВРЕДИ?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги осуди заканите за санкции упатени од лидерите на Велика Британија, Франција и Канада

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ го усвои 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Sase Ivanovski

Собранието ја прифати оставката на Таравари

Sase Ivanovski

ВЕРО Маркети со летна наградна игра и вредносен ваучер од 500.000 денари „Ова лето купувај, цела година уживај“

Sase Ivanovski

Ќоку: Остануваме лојални и доследни на договорот, со 10 члена сме најголемата албанска пратеничка група

Sase Ivanovski

Бугари „без врска“ ѕврцкале на бројот 112, казнети се со по 5.000 евра!

Sase Ivanovski

Царината го „фрли окото“ на автоплацевите, граѓаните да бидат на штрек

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Кога имате огромни проекти, трошокот треба да го споделите и со идните генерации

Sase Ivanovski

Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....