Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите.
Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Мила. – Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет.
Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада.
Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани – потенцира министерот. Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.