Драган Анастасов Ладич: Деновиве во нашата општина во тек е хортикултурно уредување 05/12/2024 22:08 Деновиве во нашата општина во тек е хортикултурно уредување. Денес, се садат садници во спортско рекреативниот комплекс во населба Калниште. Со ова комплетно го завршуваме уредувањето на овој простор и со хортикултурното уредување, напролет очекуваме да добие сосема нов изглед. Апелираме до сите граѓани, за поголема свесност и совест да го чуваме она што значи општо добро и што е изградено и направено за сите. Општина Пробиштип ќе продолжи да работи за подобри услови за сите граѓани. – Градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов Ладич.