Присуствував на прославата по повод Денот на рударите, а која ја организира компанијата Булмак 2016.
Општина Пробиштип е град кој е создаден на темелите на рударската дејност и професија, овој град се градел и развивал токму од рударството.
Рудникот за олово и цинк во Добрево, со кој денес раководи компанијата Булмак 2016 е еден од економските столбови на градот, кој вработува голем број наши сограѓани, се грижи за вработените и директно допринесува за развојот на економијата во нашиот град.
Нека е честит Денот на рударите, посакувам успешна работа и во иднина.
Да сте живи и здрави и среќно!