Вистинска драма се одвивала ноќеска во Штип – нешто по полноќ, 37-годишен провалник бил фатен како се обидува да краде од куќа, во која налетал на роднина на сопственикот. Тој го нападнал 58-годишниот човек, а потоа искршил прозорци во куќата и оштетил автомобил, соопшти полицијата.
„На 04.02.2025 околу 00.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(37) од Штип. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на В.Д.(58) од Штип, при што физички го нападнал М.К., роднина на сопственикот, со тврд предмет го оштетил неговото возило, како и неколку прозорци од куќата“, велат од МВР. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.