На линијата Белград – Нови Сад денеска се случи драма. За малку е избегната трагедија на станицата Земун кога два воза застанале еден спроти друг на 20 метри. За среќа немало судар, а нема ни повредени. Како што изјавил еден патник за Курир, патниците во возот во кој се наоѓал го почувствувале само наглото сопирање, но никој воопшто не е повреден.