Авионот бил евакуиран и започнала потрагата по експлозиви, се наведува во соопштението. Авионот на индиската авиокомпанија „Vistara Airlines“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот на земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија ТРТ Хабер. Авионот бил евакуиран и започнала потрагата по експлозиви, се наведува во соопштението.
Според информациите авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.
„Летот UK27 од Мумбај до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) од безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша „Vistara Airlines“ на мрежата „X“. „Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на Ерзурум Мустафа Чифтчи за државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.