Распределбата на парите е според системот „прв дојден, прв усужен3, а токот за достава на документите е 15 октомври 2024 година.
Министерството за економија и труд го надоместува делот на трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000 денари. За јавниот повик за надомест на дел трошоците за лаборатории обезбедени се вкупно 3.000.000 денари. На јавниот повик може да аплицираат компании кои се во секторот за техничко испитување и анализи и организационите единици при факултетите, кои се бават со оваа дејност.Eден барател може да поднесе пријава и барање само за една активност.
Корисник на субвенција не може да биде деловен субјект кој добил државна помош за иста активност во претходната година. Министерството за економија и труд надоместува дел од трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 400.000 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средства, согласно расположивите средства. Рок за доставување на апликациите е до 15 октомври 2024 година.