Оттаму повторуваат дека средбите со Груевски за кои зборуваше Ахмети биле за пржинските преговори и децидно негираат дека некогаш преговарале со екс премиерот за Кривичниот законик, бидејќи, како што велат, во тоа време не постоеше СЈО и нивните обвиненија против него.
„Единствените разговори за Кривичниот Законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ“, велат од ДУИ.