Двата партиски предлози на „Вреди“ за членови на Советот на јавните обвинители не ги исполнуваат условите, се вели и во денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Од ДУИ го осудуваат отворениот обид на „Вреди“ да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители.
Од партијата, со писмената реакција испраќаат и фотографии, за кои велат дека се доказ за Ардијан Демири за неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџити. „Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција“, велат од ДУИ. За другиот кандидат, Ведат Салихи, за кој од ДУИ велат дека исто така е член и поддржувач на Вреди, сметаат дека согласно законот не ги исполнува условите за работен стаж.
Исто така велат дека по завршувањето на конкурсот доставил дополнителни документи. Од ДУИ велат дека „Вреди“ не ги интересира ниту Европа ниту владеењето на правото ниту реформите, туку само „партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити“. Оттаму велат дека веќе ги алармирале пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на „Вреди“ да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти.
-Ја повикуваме Европската Унија да и реагира на власта без етнички легитимитет и собранието за овие постапки кои нè оддалечуваат од Европа и европските вредности. „Заробената држава“ никогаш не треба да се повтори, се вели во денешното соопштение од ДУИ.