Сите експоненти на Влен имаа различно оправдување меѓусебно, а сите беа демантирани од Претседателството на Косово, од МВР и од концесионерот ТАВ.Овој скандал мора да се расчисти до крај и веднаш да сносат политичка одговорност нелегитимните узурпатори на институциите, Астрит Исени од МВР и Африм Гаши од Собранието.
Дивото и недозволиво однесување на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието по налог на Африм Гаши, како и институционалното незнаење на Астри Исен, која не ни знаела за скандалот е неприфатливо.Албанците не се ниту заштитени, ниту застапени во моноетничката власт.Губитниците на претседателските и парламентарните избори се целосно потчинети и сервилни.Понижување и срам на Албанците од некои вазали и миленици на ВМРО, а не на народот, нема да се дозволи“, велат од ДУИ.