Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари, соопштија од партијата. „Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност.
ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само кога ќе им се наруши кумството со коцкарскиот бос во земјава, нивниот најголем поддржувач. Секогаш кога Таравари е министер за здравство, смртта на пациентите станува секојдневна појава. ВМРО ДПМНЕ го нарече Арбен Таравари министер за смрт и најкорумпиран човек“ велат од ДУИ. Од партијата го повикаа Мицковски денеска веднаш да ги разреши Таравари и директорот на клиниката Мемеди за, како што додаваат, да ги спаси граѓаните.