Војната е неверојатен ужас над сите ужаси. Само психопати и тешки дебили не можат тоа да го разберат. Еве зошто македонската левица и либералите 30 години се борат против војна во земјава, затоа што војните се ужас над сите ужаси, пекол на земјата!
Погледнете што се случува овие денови во Израел и Палестина, крв тече по улиците, убиени се деца, срамнети со земја цели квартови, згради и болници, киднапирани и масакрирани млади луѓе кои биле на концерт, силувани па убиени девојки, покољ, хорор, масакар!
Многу лесно се посегнува по ракети и бомби и пушки во Израел и Палестина. Слично направи и Путин во Украина. Војната треба да е последно нешто на што треба да се посегне откако ќе се исцрпи дипломатијата политиката и преговорите. Многу ми е жал за народот на Палестина и на Изаел, срцето ми се кине за сите тие жртви, многу ми е жал, да се надеваме дека овој ужас ќе престане што побрзо, мора да се оформи држава Палестина која ќе го прифати постоењето на Израел и заедно ќе живеат како добри комшии, не мора да се сакаат, но барем да не се тепаат!