МАКТЕЛ

     

Европратениците гласаа за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК

      

Европскиот парламент во рамките на своето првото заседание по евроизборите одржани во јуни, денеска во Стразбур ќе гласа за реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на Европската комисија. На почетокот на денешното заседание Фон дер Лајен ќе има обраќање пред европратениците во кое ќе ги претстави своите визија и планови за работа на Европската комисија за следните пет години.

По обраќањето на Фон дер Лајен предвидена е расправа на европратениците по презентираната програма за работа, по што за во 13 часот е закажано гласање за нејзин реизбор. Гласањето е тајно, а за да биде избрана Фон дер Лајен треба да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници или 361 глас. Фон дер Лајен беше номинирана за втор мандат на местото претседателка на Европската комисија од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел.

   

Во претходните два дена од конститутивното заседание, европратениците со 562 гласа во вторникот ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години, како и 14 потпретседатели и петмина квестори на ЕП.

За потпретседатели, исто така во вторникот, беа избрани Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/ЕПП, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП , Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД), Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ), Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ, независниот романски европратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца, Робертс Зиле од летонската Национална алијанса (НА)/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ)/ЕЦР и Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ)/Левица.

За квестори, пак, вчера беа избрани Андреј Ковачев од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ)/ЕПП, Марк Ангел од Социјалистичката работничка партија на Луксембург (ЛСАП)/ СД, Миријам Лексман од словачкото Христијанско демократско движење (КДХ)/ЕПП, Фабиен Келер од француската партија Ренесанса (РЕ)/РЕ и Косма Злотовски од полската партија Право и правда (ПИС)/ЕЦР.

Трите партиски групации кои застанаа зад номинацијата на Фон дер Лајен – ЕПП, СД и РЕ заедно имаат 401 европратеник или 40 повеќе од неопходните 361 за нејзин реизбор. Доколку се земе предвид дека потпретседателите и квесторите од редовите на ЕПП, СД, РЕ, но и од групата на Зелените, која има 53 пратеници, беа избрани уште во првите кругови со апсолутно мнозинство гласови, се очекува Фон дер Лајен да ги обезбеди неопходните гласови за да биде реизбрана на функцијата.

Дополнително, можно е за нејзиниот реизбор да гласаат и европратеници од партии што не се дел од ниту една групација, како што беше случај со италијанското Движење Пет ѕвезди (М5С) при нејзиниот прв избор во 2019 година, но и членови на групацијата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Доколку, сепак Фон дер Лајен не ги добие потребните гласови, Европскиот совет во рок од еден месец мора да предложи нов кандидат, кој повторно треба да биде поддржан од мнозинството од вкупниот број европратеници. Постапката се повторува се додека некој од кандидатите предложени од Советот не биде избран со потребното мнозинство од страна на Европарламентот.

Политичките аналитичари во Брисел сметаат дека доколку Фон дер Лајен не го обезбеди потребното мнозинство за реизбор, што би било сценарио без преседан, тоа ќе претставува тежок удар за нејзината натамошна кариера, но и „катастрофа“ за кредибилитетот на Унијата и ќе ги принуди лидерите на ЕУ да бараат алтернатива за неа. Токму стравот од хаос и потребата за политичка стабилност во услови на војната во Украина, унгарското претседавање со ЕУ и можната промена во американската администрација во ноември, според аналитичарите, одат во прилог за реизбор на Фон дер Лајен.

Поранешниот претседател на Еврокомисијата Жозе Мануел Барозо, кој во два мандати раководеше со извршното тело на ЕУ, во неодамнешно интервју изјави дека има некои луѓе кои никогаш нема да гласаат за Фон дер Лајен, затоа што едноставно не сакаат Европската Унија да функционира. Но, за среќа, според Барозо, има и други луѓе кои сакаат ЕУ да функционира и тие ќе ја поддржат, затоа, што како што нагласи, „не постои соодветна алтернатива за Урсула фон дер Лајен“.

   

Најново

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski
Вчитувам....