СЕвропскиот Парламент ги повика институциите на ЕУ да воведат нови подобри правила со кои диверзитетот и застапеноста ќе се зајакнат, тие предупредија и дека се шири расизам преку медиумите.
Ова произлегува денеска од резолуција изгласана со 442 гласа за и 114 против.
Европскиот Парламент ги повика институциите на ЕУ да воведат нови подобри правила со кои диверзитетот и застапеноста ќе се зајакнат, тие предупредија и дека се шири расизам преку медиумите.
Малцинствата, мигрантите, ЛГБТ+ заедницата се соочуваат со дискриминација, расизам, омраза, полициско насилство, отежнат пристап до судскиот систем и постојана нееднаквост, гласи резолуцијата.
Структурниот расизам има директни последици врз животот на засегнатите, како децата, кои остануваат заглавени во циклус на сиромаштија. Посебно внимание се бара да се обрати на омразата кон Ромите, Евреите, но и интергенерациската сиромаштија со која се соочуваат жените со африканско потекло и други етнички потекла.
За да се справи со оваа борба, Европскиот Парламент повикува на усвојување на директивата против дискриминација која е блокирана од 2008, како и соодветна имплементација на директивата за расна еднаквост и еднаквост на пазарот на трудот.
Парламентот на ЕУ сака и директива за борба против домашното насилство и насилството против жените и јасна забрана за родово базирано насилство.