Една година општина Пробиштип го спроведува проектот за бесплатен линиски превоз за граѓаните од руралните населени места
Утрово во Злетово бев меѓу сограѓаните корисници на оваа услуга, тие се задоволни, бидејќи им се овозможува еднаков пристап до градот за извршување на своите потреби.
Линискиот превоз е секој понеделник и среда, од и до руралните населени места.
️За општината овој е значаен проект, бидејќи има позитивни индикатори во однос на користењето од страна на граѓаните.
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани.