Едно лице загина, а три се ранети и пренесени во болница по пукање во приватна куќа во градот Вон во југоисточна Канада. Полицијата во регионот Јорк во канадската провинција Онтарио соопшти дека инцидентот се случил околу 9:30 часот во куќа во областа меѓу Мејџор Мекензи Драјв и Вестон Роуд во населбата Вудбриџ во Вон, јавува канадскиот јавен сервис ЦТВ.
Едно повредено лице е пренесено во болница со повреди опасни по живот, други две се здобиле со тешки повредени, но не опасни по живот, а едно лице е пронајдено без знаци на живот, соопшти полицијата.