Кои се последиците од изборниот успех на десничарската Алтернатива за Германија (АФД) на покраинските избори овој месец? Домашните економисти очекуваат негативни резултати, објави минхенскиот институт Ифо, повикувајќи се на сопственото истражување, пренесува ДПА. Четири од пет од 185 анкетирани економисти рекоа дека очекуваат негативни или многу негативни последици од исходот на покраинските избори во Тирингија и Саксонија. Само три отсто од испитаниците очекуваат позитивен или многу позитивен ефект. АфД освои најмногу гласови во Тирингија и беше втора во Саксонија. Десничарите водат и пред изборите в недела во друга источногерманска покраина – Бранденбург.
„Таквата единствена оценка на економските експерти, дека поддршката за радикалните партии сериозно ќе влијае на економијата, треба да предизвика аларм кај населението“, рече во понеделникот експертот за јавни финансии на Ифо, Никлас Потрафке.
„Резултатот од истражувањето покажува колку изборите можат да влијаат на економските очекувања“, додаде Потрафке.
Економистите ја гледаат атрактивноста на провинциите како дестинација за имигрантската работна сила. Имено, 84 отсто од економистите од истражувањето оцениле дека зајакнувањето на десницата ќе ги одврати странците од барање работа. Повторно, само три отсто од нив имале спротивен став. Понатаму, 77 отсто од економистите оцениле дека исходот од изборите ќе ги обесхрабри компаниите да инвестираат, додека два отсто сметаат дека ефектот ќе биде позитивен или многу позитивен. На економистите не им се допаѓа и зајакнувањето на новата, левичарска популистичка Алијанса Сара Вагенкнехт (БСВ). Тројца од пет го гледаат како негативен развој на настаните, додека два проценти го сметаат за позитивен.