Глувците инфицирани со GX_P2V имале тешки симптоми, вклучувајќи брзо губење на тежината во рок од пет дена по инфекцијата, летаргија, а очите им побелувале. Сите четири глувци изложени на вирусот умреле во рок од осум дена по инфекцијата!
Откако ковид однесе многу животи ширум светот, Кина сега наводно експериментира со нов вирус сличен на ковид кој има стапка на смртност од 100 проценти. Истражувачите кои спроведуваат експерименти на глувци во лабораторија создадоа сопствена верзија на корона-вирусот кој може да се најде кај тнр. лушпест мравојад. Се покажа дека оваа варијанта брзо се пренесува и има стопроцентна смртност кај глувците. Според извештајот објавен во bioRxiv, на група глувци им бил даден GX_P2V коронавирусот поврзан со SARS-CoV-2 за да се тестира неговиот ефект, пишува Firstpost.
Резултатите укажуваат на потенцијалните опасности и ризикот од ширење на овој вирус на луѓето. Во експериментите на глувци, користена е лабораториска верзија на коронавирусот од лушпести мравојади, наречена GX_P2V.
Глувците инфицирани со GX_P2V имале тешки симптоми, вклучувајќи брзо губење на тежината во рок од пет дена по инфекцијата, летаргија, а очите им побелувале. Сите четири глувци изложени на вирусот умреле во рок од осум дена по инфекцијата. Истражувањето исто така покажа дека вирусот се проширил на мозокот, очите и на белите дробови. Исто така, прирустото на вирусот всушност се зголемило во мозокот во последните два дена од животот.
„Ова откритие сугерира дека тешката мозочна инфекција во подоцнежните фази на инфекцијата може да биде клучна причина за смрт кај овие глувци“, се вели во извештајот.
Научниците кои ги спровеле експериментите биле изненадени од интензитетот на ефектот на вирусот врз глувците. Вирусот не само што се проширил низ телата на глувците, туку стигнал и до критичните органи како што се мозокот, очите и белите дробови. Тие исто така издадоа предупредување, сугерирајќи го потенцијалниот ризик од пренесување на овој вирус на луѓето. Тие ја истакнаа потребата од понатамошни истражувања за да се запознае механизмот на високата патогеност на GX_P2V и неговото потенцијално влијание врз здравјето на луѓето. Научниците укажаа на тешката мозочна инфекција забележана во подоцнежните фази на инфекцијата како потенцијална клучна причина за смрт.
Беше нагласена итна потреба за понатамошни истражувања за да се разбере однесувањето на вирусот. Истражувачите планираат да спроведат дополнителни тестови користејќи жива верзија на вирусот од дивината, наместо да се потпираат на варијанта направена во лабораторија.