7.8 C
Скопје
15/09/2024 09:34
МАКТЕЛ

     

ЕКС ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Вработените и камионите на „Комунална хигиена“ не се џамлии, па дај ми во Кисела Вода олку, во Аеродром толку

     

 

Доколку јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се расформира, ќе се случи хаос и не само што нема да се решат туку и ќе се влошат работите. За надминување на состојбите потребно е да се ставаат на раководни места професионалци, советниците да ја гласаат програмата за работа, но најважно од сѐ е да се воведе комунална полиција и да се почитува комуналниот ред.

  

Ова е ставот на Лазе Георгиевски, поранешен долгогодишен оперативен директор во претпријатието, пред сѐ на Секторот за собирање комунален отпад, синдикалец и актуелен пензионер, по случувањата во последните денови и по барањето на градоначалниците на скопските општини да се расформира ова претпријатие, како и „Паркови и зеленило“, и нивните надлежности, заедно со механизацијата да се пренесат на општините.

Не може така, не се ова џамлии, па дај ми во Кисела Вода олку, во Аеродром толку, па дај ми овде, па дај ми онде. Еве на пример, кој ќе ја земе Шуто Оризари, како ќе се работи таму со наплата моментална од 30 отсто, а во Центар и Карпош 80 отсто? Во Шутка се знае какви се супстандардни условите. Како ќе работи во Сарај кога наплатата е помеѓу 35 и 40 отсто? Не може Владата да го расформира претпријатието, тоа не зема плата од Владата и од буџетот, наплаќа за услуга од граѓаните. Ние сами си ги купуваме камионите за ѓубре. Во 2002 година купивме 10, во 2006 година 10, најмногу купивме кога градоначалник беше Коце Трајановски 40, потоа уште 15, во времето на Петре Шилегов е направена последна набавка – вели Георгиевски.

Тој објаснува дека сега поради расправиите на Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, две години не се гласа програма за работа ниту програма за вработување.

 Управните одбори на претпријатијата носат одлуки, Советот не ги гласа, а во УО се пола од ВМРО- ДПМНЕ. Зошто тогаш не гласаат? – прашува поранешниот директор во претпријатието.

Поради тоа, како што тврди, две години не може да се набави ниту нова механизација, ниту да се вработат работници, иако во претпријатието има луѓе кои по 7-8 години работат со договори на дело.

За директори се ставаат непрофесионалци

Јас сум имал одлична соработка и со Пенов, и со Трифун, и со Коце и со Шилегов. Секој од нив за тие четири години работеше за развој на претпријатието, купувавме камиони. Советот на Град Скопје само ни одобруваше. Ние купувавме, ние си плаќавме. Сега со Данела, која цело време става непрофесионалци, со исклучок на Косана Мазнева, нема никаква соработка, никаква комуникација. Последниот директор, на пример, претходно беше обезбедувач во претпријатието – вели Георгиевски.

Според него, општините најпрво треба да се погрижат за хигиената на општинските улици, да си купат механизација ако сакаат и да чистат. Вели дека не може „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, кои се најстари јавни претпријатија, да се расформираат, не може да се остават 1.300 вработени во претпријатието на улица поради партиски причини.

Јавно ги повикувам и Орце Ѓорѓиевски и кој сака од градоначалниците да ги соочиме аргументите, да објаснат како мислат тоа да го спроведат и да им кажам зошто не може така. Тие спомнуваат повереници, еве веднаш ќе им предложат луѓе што си ја знаат работата, тоа се актуелниот вицепремиер Љупчо Димовски, кој беше одличен директор на „Паркови и зеленило“, потоа Дуле Авировиќ, Бојан Христовски што си даде оставка во „Градски паркинг“, Коце Трајановски. Косана беше најдобра, ги исфрли сите што не одеа на работа, среди сѐ што треба и Данела ја тргна. Зошто ја тргна? Таа доби четиригодишен мандат за директор, ја разреши и тужеше и доби да ѝ се исплатат 250 илјади евра за 4 години. Зошто сега „Комунална“ тоа да го плаќа, заради Данела? – објаснува Георгиевски.

Во однос на реакциите на граѓаните за лошата јавна хигиена, тој тврди дека комуналците работат по оперативен план, иако со мали проблеми со возилата.Според него, голема вина имаат и граѓаните, кои воопшто не го почитуваат комуналниот ред, па смета дека единствено решение за проблемот е воведување комунална инспекција.

 Комуналниот ред се знае, има налепници на самиот контејнер кога треба да се исфрла домашниот смет, а тоа е во период од два часа пред поминувањето на камионите за ѓубре. Зошто се фрла во контејнер откако ќе се испразни, па ѓубрето се собира и смрди 24 часа на ова жешко време до следното празнење на контејнерот. Оди фрли на запад така кога ќе ти текне! Неопходна ни е комунална полиција. Коце воведе 80 комунални редари и ги нема нигде, ги пикнаа по разни служби. Стави комунален инспектор, на пример во Расадник, па фрла ли некој по поминување на камионот за ѓубре – 50 евра казна. И работите за два дена ќе се средат. Значи имаме закони, ама не ги спроведуваме, тоа е проблемот – смета поранешниот директор во „Комунална хигиена“.

Георгиевски: Нека дојдат повереници и заедно со директорот нека ги решат проблемите

Како одличен познавач на состојбите во комуналното претпријатие, тој тврди дека проблемот е партиски, пред сѐ, но не може поради тоа да се расформира претпријатието. Вели дека вработените се исплашени и вознемирени, а вината не е до нив.

По закон не може да се расформира, не може „Комунална“ да оди под стечај. Нека дојдат повереници и заедно со директорите нека ги разгледаат проблемите и нека најдат решение. Ништо нема да функционира ако се подели по општини. Сум бил во Оукленд во Нов Зеланд, во Јапонија, во Мелбурн, во Букурешт, во Торонто и сум се уверил како функционираат комуналните претпријатија. Во Истанбул, на пример, собирањето на сметот е организирано со приватно јавно партнерство со Градот. Приватникот што ги има камионите се грижи за набавка, се грижи за наплата, за поправка на механизација и на крај одреден процент му дава на градот – објаснува соговорникот.

Во моментов „Комунална хигиена“ располага со две возила што го собираат ѓубрето од подземните контејнери, три за празнење на габаритните контејнери, додека обичните контејнери за комунален отпад се празнат со 20 камиони. На времето имало повеќе механизација, но сега поради негласање во Советот, не можат да се купат нови.Според Георгиевски, за да се одвива работата непречено, недостасуваат најмногу 10 камиони смеќарки. Проблемите ќе се надминат според него и ако на чело на претпријатието дојдат професионалци, кои ги има во претпријатието. И доколку граѓаните го почитуваат комуналниот ред, бидејќи е невозможно некој да стои и да го чисти постојано она што некој кога сака си го фрла.

 

Најново

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Sase Ivanovski

Трчај бе: Како една трка стана полигон за креативци и визија за новите генерации дизајнери

Sase Ivanovski

СДСМ: Дипломатски дебакл на Сиљановска во Софија

Sase Ivanovski

Сиљановска ќе бара објаснување од Радев за знамето: Ваков чин не беше предвиден

Sase Ivanovski

Решенијата со Бугарија не се на дофат на раката

Sase Ivanovski

Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак

Sase Ivanovski

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

Sase Ivanovski

Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Sase Ivanovski

Случај Крмзов: Обвинувања за шверц, долгови кон УЈП и блокирани банкарски сметки!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани се стотина граѓани

Sase Ivanovski

По инцидентот на небото над Скопје, се огласи ЗКЛМ: Не станало збор за заташкување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дурмиши: ССМ да не брза, покачување на минималната плата ќе има, но мора да се слушне и бизнис секторот

Sase Ivanovski

Коцевски оцени дека акцијата за даночна измама и перење пари била успешна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трендафилов: Во Европа 60-70% оди за плати, кај нас 10% од профитот е за работниците, 90% за луксузирање на газдите

Sase Ivanovski

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Sase Ivanovski

Црквата во Лерин не била срушена затоа што имала македонски натписи

Sase Ivanovski

Папата Франциск смета дека американските гласачи треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“

Sase Ivanovski

УКИМ ги усогласува давачките: Повисоки трошоци за дел од студентите со дигитализацијата

Sase Ivanovski

Оваа година, Браќа Манаки ќе прикаже врвни филмски проекции и ретроспективи, и ќе понуди и можност за посветени дискусии и работилници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: НЕ ЗНАМ ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП, БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ БЕЗБЕДНИ

Sase Ivanovski

Погледнете колкава редица за новиот IPHONE16

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Часови по готвење за данските ученици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон го заврши третманот со хемотерапија: „Не можам да ви кажам какво олеснување е тоа“

Sase Ivanovski

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина

Sase Ivanovski

Ким Џонг Ун и Сергеј Шојгу најавија поголема соработка за одбрана на „заедничките безбедносни интереси“

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за пожари

Sase Ivanovski

Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица

Sase Ivanovski

Русите со дронови ја нападнаа одеса, под закана се и други украински градови на брегот на Црното Море

Sase Ivanovski

Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје

Sase Ivanovski

САД и Британија не и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел

Sase Ivanovski

Како Милчо Манчевски за филмот “Сенки” ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

Sase Ivanovski

Со донации од македонските граѓани во Газа дистрибуирана питка вода

Sase Ivanovski

Генерал-мајор Сашко Лафчиски во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Во врска со таблата на граничниот премин Блаце со Косово, чија фотографија беше објавена од дел од медиумите, го соопштуваме следното…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица поради изнуда

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители

Sase Ivanovski

Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени устранови набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО 

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Санкции за превоз на патници без лиценци

Sase Ivanovski

Проверен факт: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски нелегално ги трошел народните пари за субвенции за фирми блиски до СДС

Sase Ivanovski

Рељиќ на 7-та позиција на Олимписката ранг листа

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Прилеп

Sase Ivanovski

Тошковски: Секој што правел криминал ќе одговара, без разлика кој и колку високо бил

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската национална опера и балет во Софија

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за предизвикување на пожари во Битола и битолско

Sase Ivanovski

ДУИ: Неспособноста на ВЛЕН ги уништува националните достигнувања на Албанците

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ е деструктивна, а СДСМ забега во национализам

Sase Ivanovski

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Sase Ivanovski

Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Sase Ivanovski

Блиска фирма на пратеник од Европскиот фронт добила тендери од Груби, обвини Абази

Sase Ivanovski

Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога тренерите потврдуваат зошто се тренери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додиќ во небрано: Деца го нарекоа лопов…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Првиот црнец примен на Универзитетот во Оклахома во 1948 година бил принуден да седи во агол подалеку од колегите-бели студенти

Sase Ivanovski

Од 13 до 15 септември: “Skopje Beer Weekend“ на стадионот на АРМ во Градски парк-Скопје

Sase Ivanovski

Тошковски: Има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари

Sase Ivanovski

Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши

Sase Ivanovski

ПОСЕТАТА НА СИЉАНОВСКА И МУЦУНСКИ НА СОФИЈА Е ГОЛЕМ ДРЖАВНИЧКИ ПОТЕГ КОЈ ЗАСЛУЖУВА ЦЕЛОСНА ПОФАЛБА!

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Sase Ivanovski

КУЗЕСКА: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Давкова и Мицкоски во Бугарија

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Не сум монарх за да го менувам Уставот

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Ги прашувам институциите на прогонот и правда, кој е тој што има потреба да објавува лажни текстови во име на оштетените штедачи на ЕУростандард банка кои се целосно исплатени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еве како да наместите некој пријател со одличен трик

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со Претседателот на МАНУ, Академик Живко Попов

Sase Ivanovski

Јефимчик, најмасивниот бодибилдер на светот, почина – неговата неверојатна диета и шокантен крај!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во најголемата заплена на синтетички апчиња во шпанската историја, полицијата открила и запленила дрога вредна 25 милиони евра

Sase Ivanovski

Ослободен заплеткан кит од рибарски мрежи по четиридневно спасување во Канада

Sase Ivanovski

Белата куќа: Предупредувањето на Путин го сфативме сериозно

Sase Ivanovski

Делегација на ММФ ќе ја посети Москва

Sase Ivanovski

Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово

Sase Ivanovski

Курти: Вучиќ во координација со Русија подготвува нови закани кон Косово, но не нè плаши

Sase Ivanovski

Низа реакции од ЕУ и САД околу одземањето на пратеничкиот мандат на Олта Џачка

Sase Ivanovski
Вчитувам....