24.8 C
Скопје
20/06/2025 22:22
МАКТЕЛ

   

ЕК: Клучните области кои бараат внимание во Македонија се образованието, здравството, заштитата од насилство, родовата еднаквост недискриминацијата

      

Иако соработката со Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ) е оценета како добра, државава треба да реши системски прашања поврзани со слободата на здружување, полициското малтретирање и дискриминацијата. Условите во затворите и полициските станици остануваат проблематични, а корупцијата и пренатрупаноста се сериозни проблеми. Недостатокот на напредок во заштитата на личните податоци, правата на сопственост и родовата еднаквост, како и предизвиците во заштитата на правата на децата и лицата со попреченост, укажуваат на потребата од систематски и координирани напори за подобрување на човековите права во земјата.

Ова се дел од препораките на Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија 2024 година во кој стои дека земјава ги ратификува повеќето меѓународни инструменти за човекови права, но се соочува со предизвици во нивното спроведување. Европската комисија (ЕК) препорачува развој на систем за мониторинг и собирање податоци за оценка на спроведувањето на законодавството и стратегиите за човекови права. Соработката со Европски суд за човекови права Извештајот ја оценува како добра и наведува дека ЕСПЧ утврди прекршувања на Европската конвенција за човекови права во однос на правото на фер судење, слобода и безбедност и заштита на имотот.

   

– Македонија треба да реши системски прашања поврзани со слободата на здружување, полициското малтретирање и дискриминацијата и да ги спроведе пресудите на ЕСПЧ, се наведува во Извештајот. Тој покажува дека правната рамка за заштита на фундаменталните права е делумно усогласена со правото на ЕУ и европските стандарди. Земјата продолжува да ги исполнува своите општи обврски за фундаменталните права, но законодавството и соодветните стратегии треба да се имплементираат на систематски начин.

Пренатрупаност и корупција, одбележје на македонските затвори

Извештајот нотира дека Македонија се соочува со сериозни проблеми во однос на условите за притвор во затворите, полициските станици, социјалната заштита и психијатриските установи. Иако некои затворски објекти се реновирани, условите во затворот Идризово и други објекти остануваат проблематични. Потребно е продолжување на дијалогот за спроведување на препораките од Комитетот за спречување на тортура и зајакнување на надзорот на полицијата преку соработка со Канцеларијата на Омбудсманот.

Во затворот во Идризово регостриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќел

Додека, во однос на извршување на кривични санкции, во Извештајот стои дека затворите се пренатрупани, а корупцијата останува сериозен проблем.

– Амандманите на Законот за извршување на санкциите од март 2024 година се однесуваат на назначувањата и процедурите за отпуштање на гувернерите на затворите и вклучуваат препораки за одвојување на девојчињата од возрасните во поправните установи. Недостатокот на соодветна здравствена заштита и мерки за лекување на зависноста од дрога во затворите е сериозна загриженост. Системот за пробација се подобрува, но е потребен напредок во изменувањето на правната рамка за алтернативни казни и обезбедување на образовни услуги и програми за ресоцијализација во сите затворски установи, велат од ЕК.

Законодавните промени за здруженија и фондации треба да бидат усогласени со меѓународните стандарди

ЕК вели и дека не е постигнат напредок во заштитата на личните податоци. Усогласувањето со Општата регулатива за заштита на податоците и националното законодавство е во тек. Агенцијата за заштита на личните податоци има ограничена ефикасност поради недостаток на независност, ниски плати и недоволни средства. Координацијата и комуникацијата со другите институции се слаби, а Парламентот не го следи годишниот извештај на Агенцијата.

Додека, во делот на правото на слобода на собирање и здружување посочуваат дека се потребни дополнителни напори за спроведување на одлуките на ЕСПЧ за регистрација на здруженијата. Законодавните промени треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди, а консултациите со Венецијанската комисија се препорачуваат пред усвојувањето на Законот за здруженија и фондации.

Напредокот во правата на сопственост е ограничен поради долгите и скапи процедури. Националната стратегија за правата на сопственост не напреднала, а општинските регистри на имот се застарени и аналогни. Администрациите за реституција се соочуваат со прекумерен број на случаи поради недостаток на персонал и финансиски ограничувања. Над 6.000 случаи за денационализација остануваат отворени, иако процесот беше затворен во 2013 година.

Недостаток на финансиска независност и персонал во борбата против дискриминација, родовата еднаквост нема напредок

Извештајот нотира дека правната и институционалната рамка за недискриминација е делумно усогласена со правото на ЕУ. Оттаму велат дека стратегијата за еднаквост и недискриминација за 2021-2026 година не даде значајни резултати. Парламентот избра нови комесари за борба против дискриминација, но Комисијата за превенција и заштита од дискриминација сè уште има потреба од повеќе ресурси и поддршка. Главните предизвици се недостатокот на финансиска независност и малиот број на административен персонал.

Се додека говориме за воспоставување родова еднаквост, значи не сме ја постигнале. Резултатите од акциските планови за родова еднаквост што побрзо да бидат видливи и претстои сериозна работа

На правната рамка и меѓуинституционалниот капацитет за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза ѝ треба дополнително подобрување, особено да се вклучат сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за говор на омраза. 

– Земјата треба да ја следи Општата политичка препорака бр.15 на ЕКРИ за борба против говорот на омраза и целосно да ги разгледа наодите и препораките утврдени во извештајот на ЕКРИ од септември 2023 година, велат од ЕК.

Дополнува дека властите сè уште не собираат податоци за говорот на омраза и злосторствата од омраза на систематски начин.

Северна Македонија, исто така, нема постигнато напредок во унапредувањето на родовата еднаквост. Во Извештајот стои дека анти-родовото движење се зголемува, што влијае врз законодавниот процес и креирањето на политиките. Спроведувањето на националната стратегија за родова еднаквост (2022-2027) е слабо и треба да се зајакнат меѓуинституционалните механизми за спроведување и следење на политиките за полова еднаквост. Спроведувањето на Истанбулската конвенција е неоптимално поради недоволното финансирање и неефективните меѓуинституционални протоколи. Во 2023 година, експертите идентификуваа многу прашања кои бараат итна акција за усогласување со конвенцијата. Пристапот до здравствените услуги за жртвите на родово насилство е ограничен поради недостаток на засолништа и персонал.

Образование, здравство, заштита од насилство и недискриминација – клучни области за подобрување на правата на детето 

Законодавната и институционалната рамка за правата на детето е усогласена со правото на ЕУ, но спроведувањето е предизвик поради прашања со одговорноста, капацитетот, мониторингот и финансирањето. Клучните области кои бараат внимание се образованието, здравството, заштитата од насилство и недискриминацијата. Потребна е поголема поддршка за механизмите за борба против насилството и доволно финансирање за националната стратегија за ставање крај на насилството врз децата (2020-2025). Треба да се формира национално тело за координирање на политиките поврзани со Конвенцијата за правата на детето и Факултативните протоколи. Стратегијата за борба против трговијата со деца (2021-2025) треба да биде усогласена со Конвенцијата од Лансарот и законодавството на ЕУ за сексуална злоупотреба на деца.

Спроведувањето на Стратегијата за деинституционализација (2018-2027) продолжува, со сите деца преселени во домови за згрижување или мали групи. Потребни се понатамошни напори за намалување на детската сиромаштија и подобрување на социјалната заштита. Локалната соработка и капацитетот на центрите за социјална работа треба да се зајакнат, особено за ризичните деца, вклучувајќи ги и Ромите и оние со попреченост. Политиката за вклучување на децата со попреченост во редовните училишта се соочува со предизвици. Редовното следење и инспекција на образовните поправни установи и затвори е од клучно значење за заштита на притворените деца. Пристапот до правдата, правното застапување и градењето на капацитети за јавните службеници кои работат со деца жртви, сведоци и престапници се недоволни.

Лицата со попреченост не ги уживаат своите права целосно, исто како ЛГБТИ и квир лицата 

Во Извшетајот се наведува дека лицата со попреченост не можат целосно да ги уживаат своите права поради неусогласеност на законодавството и политиките со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН. Потребно е зајакнување на капацитетот на националниот орган за усогласување со правото на ЕУ. Канцеларијата на Омбудсманот го надгледува спроведувањето на Договорот за правата на инвалидите во соработка со граѓанските организации. Националната стратегија за еднакви права за лицата со попреченост е во почетна фаза на имплементација. Акцискиот план за деинституционализација е речиси финализиран, со само преместувањето на корисниците од Специјалниот институт Демир Капија што останува да биде завршено. Лицата со попреченост се соочуваат со дискриминација поради бариери во инфраструктурата, недоволен пристап до информации и услуги, дискриминаторни ставови и социјална маргинализација..

-Не е постигнат напредок во подобрувањето на правната или политичката рамка за заштита на правата на ЛГБТИ и квир лицата. Сегашната правна рамка не ги признава хомосексуалните партнерства. Иако на 22 јуни 2024 година успешно беше организирана парада на гордост, говорот на омраза против ЛГБТИК заедницата продолжува на социјалните медиуми. Не е постигнат напредок во спроведувањето на пресудата на ЕСПЧ од јануари 2019 година за правно признавање на родот. Организациите регистрирале 298 случаи на говор на омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, но правните последици се несоодветни. Во март 2024 година, основниот суд издаде условна затворска казна за говор на омраза против ЛГБТИК заедницата. Документирани се 27 случаи на насилство мотивирано од омраза врз ЛГБТИК лицата. Не е постигнат напредок во истрагата на нападите врз центарот за поддршка на ЛГБТИК заедницата и актите на вандализам врз канцеларијата на ЛГБТИК организација и смртните закани против активисти, стои во Извшетајот.

Законодавството делумно усогласено во делот на процедуралните права на обвинетите или осомничените за кривични дела

Земјата е делумно усогласена со правото на ЕУ за заштита на процедуралните права на обвинетите или осомничените за кривични дела. Во март 2024 година, поосчува ЕК, Парламентот го усвои Законот за правда за децата, кој обезбедува процедурални гаранции за децата во кривична постапка. Законот за бесплатна правна помош беше изменет во септември 2024 година, но системот за правна помош во кривичната постапка треба да се реформира за подобар пристап до правдата. Властите треба да ги ревидираат критериумите за подобност во кривичната постапка и да обезбедат одбрана за сиромашните лица и жртвите на злосторства. Земјата не е целосно усогласена со Европската директива за заштита. Усвојувањето на изменет Закон за кривична постапка е во тек за усогласување со Директивата за правата на жртвите.

ЕК нотира и дека препораките од Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства не се целосно спроведени. Наведува дека Агенцијата за правата на немнозинските заедници ја објави Националната стратегија за интеркултурализам и социјална кохезија 2024-2026, но оти сè уште не е усвоена од Парламентот. За одржливост на стратегијата, укажува дека е потребна политичка поддршка, финансирање и медиумски пристап. Посочено е и дека Северна Македонија сè уште не ја ратификувала Европската повелба за регионални и малцински јазици и оти Агенцијата за јазично спроведување и Агенцијата за реализација на правата на заедницата се соочуваат со недостаток на персонал и финансирање.

Според оценката на ЕК, државава постигна задоволителен напредок во вклучувањето на Ромите со спроведување на стратегијата за 2022-2030 година и подготвување нови акциони планови за 2024/2025 година. Сепак, посочува, стратегијата нема јасен пристап кон учество и градење на капацитети. Акцискиот план за правата на жените и девојчињата Ромки е умерено имплементиран. Главни предизвици се нередовното присуство на училиште, деца на улица и сегрегација во училиштата.

Во однос на право на државјанство, се препорачува Комисијата државава да се воздржи од систематско доделување државјанство врз основа на економски интерес, бидејќи таквите шеми се некомпатибилни со правото на ЕУ. Во 2023 година биле поднесени пет такви барања.

   

Најново

Апелација пресече: Нино Васев од домашен во притвор во Шутка

Sase Ivanovski

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Sase Ivanovski

ОП, ОП, ОП, БРАВО

Sase Ivanovski

„Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

БОЕМОТ: „Проколнати“ локали во Скопје 

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека на врвот на неговата кариера, Тоше Проески, во потрага по постојан развој и усовршување на неговиот вокал и уметничка умешност, отпатува во Њу Јорк да учи со еден од најдобрите светски вокални тренери како Бил Рајли Сениор, некој кој своевремено имал тренерски сесии со великани од калибарот на Селин Дион, Андреа Бочели и Џош Гробан

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници-личности со кредибилитет

Sase Ivanovski

Голем број дизел автомобили во Европа мора да завршат во отпад

Sase Ivanovski

Шефот на СЗО го осуди нападот врз болниците во Иран и Израел

Sase Ivanovski

Хезболах ги осуди заканите до ајатолахот Хамнеи: „Неодговорни и опасни изјави“

Sase Ivanovski

„ЕСМАИЛ ФЕКРИ Е ОБЕСЕН ПО СУДСКА ПОСТАПКА ПОРАДИ ВОЈНА ПРОТИВ БОГА“ Иран погуби агент на Мосад

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Саздов, анестезиолог од приватната болница „Аџибадем Систина“: Канцерогена болка се отстранува со крионевролиза- со ниски температури се оштетува нервот

Sase Ivanovski

Хрватска и Индија ќе соработуваат во одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: Kои земји се на врвот?

Sase Ivanovski

„РАБОТОДАВАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СЕ РАБОТИ НА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ДА ВРАБОТУВАТЕ СТУДЕНТИ“: Грчева најавува – се работи за нов Закон за студентска работа

Sase Ivanovski

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Sase Ivanovski

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Sase Ivanovski

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

Sase Ivanovski

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

Sase Ivanovski

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Sase Ivanovski

Паљото е неуморен – најави нов поход на локалната власт, листата ќе му се вика „За Битола“

Sase Ivanovski

58 ПОВРЕДЕНИ ОД „ПУЛС“ ВЕЌЕ НОСАТ КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА Позитивни резултати и нови терапии во болницата во Кочани

Sase Ivanovski

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ СОВЕТ ПО ПОВОД СКОПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2028-МА

Sase Ivanovski

КАЦ НАРЕДИЛ ЗАСИЛЕНИ УДАРИ ВРЗ ИРАН Мета се Исламската револуционерна гарда и Басиџ

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ СЕ ЖАЛИ, СИН МУ ДВАПАТИ ОТКАЖУВА СВАДБА „Сите ја плаќаме цената за нападите на Иран“

Sase Ivanovski

„СПРЕМЕТЕ ГИ KOВЧЕЗИТЕ“ Илјадници луѓе протестираа по молитвата во Техеран

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА КЛИНИКА Неделно плаќаат 170.000 долари?

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ ЗА ВИШИОТ ОБВИНИТЕЛ ХАЈРУЛАХИ Обвинителот Цветановски е казнет со помала плата

Sase Ivanovski

(Видео) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Скопјанка нападната од партнерот на одмор во Грција

Sase Ivanovski

Дачиќ има највисока министерска плата во Србија, Вучиќ – речиси 60 отсто помалку примања од него

Sase Ivanovski

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Sase Ivanovski

Зоран Ставрески не стана гувернер ама основа своја фирма за финансиски консалтинг

Sase Ivanovski

Сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, сообраќајот е во прекин

Sase Ivanovski

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Sase Ivanovski

ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари

Sase Ivanovski

МАНЕВ: Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол

Sase Ivanovski

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата

Sase Ivanovski

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Може ли Израел да финансира војна на повеќе фронтови?

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО Проштална средба во чест на амбасадорката на Р Србија во РС Македонија

Sase Ivanovski

ВАКОВ ПСИХОПАТ СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ Палевски: Боре пукаше, Манев е организатор, а Кешишев е стражар

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата

Sase Ivanovski

ДРАМА НЕВИДЕНА: Вработениот во Народна Банка што го уништил ранецот со пиштол и мотороли е сопруг на кривичен судија?!?!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Sase Ivanovski

Пресудите за Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите избрани во Зајас и Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Кочани пристигна првата пратка на креми за санација на изгорениците

Sase Ivanovski

ЕУ: Први унифицирани стандарди за чување на домашни миленици

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Sase Ivanovski

Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат тешко и препознаваат неспособност

Sase Ivanovski

Прилепчанец оштетил апарат за коцкање па во полиција пријавил дека делото го сторило друго лице

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО: Втор третман на терестичка дезинсекција

Sase Ivanovski

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Sase Ivanovski

Европејците излегоа со предлог од четири точки до Иран за деескалација со Израел

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Sase Ivanovski

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?

Sase Ivanovski

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....