Ратајковски сѐ повеќе влегува во светот на подкастите. Нејзиниот последен подкаст, High Low with EmRata, започна денеска и ќе објавува две епизоди неделно бесплатно и уште една за платени претплатници. Таа открива и со какви теми ќе се занимава.“Сакам да зборувам за секс, а во исто време да ја имам елоквентноста и стилот на интервју на Тери Грос. Многу теми ќе бидат поврзани со жените, тоа е она што најмногу ме интересира и тоа е она што го правам”, изјавила Ратајковски за весникот.Таа зборувала и за тоа како се чувствува откако таа и Беар-МекКлед поднеле барање за развод. Таа не сакала да навлегува во детали поради почитување на приватноста на нејзиниот син, но открива како се чувствува после сѐ.„Ги чувствувам сите емоции. Чувствувам лутина и тага. Чувствувам возбуда. Чувствувам радост. Секој ден е различен. Единствената добра работа во сето тоа е што мислам дека треба да ги поминеш сите овие емотивни состојби за еден ден да бидеш совршено добро“.