Спасувачите од текот на вчерашниот ден интензивно трагаат по преживеани по разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Бројките на загинати, но и на спасени, растат, а на социјалните медиуми се појавуваат шокантни фотографии од местото на настанот.Една од најшокантните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва во урнатините и не е можно да се извлече.