10 C
Скопје
28/03/2025 04:25
МАКТЕЛ

    

Ерол Ризаов: Новото нормално стана ненормално

      

Упадот во правосудниот систем со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направи партиски преки суд за противуставно инсталирање на правна нееднаквост. Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата. Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го деградираа политичкиот и економскиот систем гарантиран со Уставот. Суспендирана е парламентарната демократија и целосно е поништена поделбата на власта на извршна, законодавна, судска и на институцијата претседател на државата. Со земјата владеат моќници и страховлада со воздигнување култ на водач. Поранешните „понављачи“ и осуденици од институциите на системот направија партиски штабови. Ветија решителна борба против организираниот криминал и високата корупција, а остваруваат контрола на комплетниот правосуден систем за заштита на сопствениот криминал. Во тек е обнова на правната нееднаквост, која ќе уследи со голема криза во правниот систем. Тажен ден во Македонија

Упадот во правосудниот систем, невиден досега, на што сме сведоци деновиве со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направи партиски преки суд за арогантно противуставно инсталирање на селективна правда. Тажен беше вчерашниот ден во Македонија, 11.03.2025 година, да се гледа и слуша расправата во Собранието за измислена противуставна колективна интерпелација на членови на Судскиот совет. Ветија транспарентност и достапност на јавноста до информациите и до вистината, а изградија најголема мрежа на организирани лаги, нечуени и невидени досега со популизам и со дезинформации, бетер од валканите предизборни кампањи. Ветија економска стабилност и повисок стандард на граѓаните, а за само девет месеци остварија поголема сиромаштија, неконтролирано дивеење на цените и обезвреднување на платите, отпуштање од работа на работници, чистки во сите дејности и институции на системот со уште поголема партизација на партизираната држава. Ветија спроведување на реформите, не спроведоа ниту една, а го избришаа и тоа што беше почнато, дури и тоа што беше доведено до точка од која нема враќање. Ветија дека членството во ЕУ останува главна стратегиска цел, остварија прекин на почнатите преговорите со ЕУ со самоблокада. Плачат дома и по светот за неправдите што ни се направени, а ја направија најголемата неправда на своите граѓани не остварувајќи ништо од ветените подобри договори со соседите. Од сите соседи кандидати за членство во ЕУ денес само Македонија не преговара.

   

Она што е најлошо, вината на Европа и на соседите ја оправдаа со своите погрешни антиевропски политики и со волонтерски геостратегиски одлуки, давајќи им аргументи дека ветата и неправдите биле оправдани. За тоа ја обвинуваат опозицијата која со ништо не може да ги попречи одлуките што треба да ги донесат, бидејќи имаат апсолутно мнозинство во Собранието. На секоја и најдобронамерна критика завиваат медиумските тревоги на власта за општа опасност од домашни непријатели и предавници со што само докажуваат дека ако нема измислени непријатели ќе се види целата неспособност и недораснатост на власта да оствари барем едно ветување. Најбедниот чин во новинарството Вратија многу амбасадори за да инсталираат партиска дипломатија, оправдувајќи ја со тоа изолацијата на Македонија и на сопствените грешки во односите со влијателни држави и државници. Човекот што нема ниту еден ден стаж во дипломатијата ги сослушува професионалните дипломати и ги казнува по наредба на партискиот водач. Ветија намалување на задолженоста на државата, остварија најголема задолженост, како никогаш досега. Зедоа стотици милиони унгарски кредит за коруптивни комунални избори одложувајќи ги преговорите со ЕУ. Се накитија со туѓи пердуви довршувајќи инфраструктура градена со години.

Во речиси сите полиња на општествениот живот фрапантни се разликите меѓу ветеното и реалното. Тоа вешто го постигнуваат со страотна пропаганда на прикривање на вистината со свртување на вниманието на јавноста кон теми кои удираат по емоциите на граѓаните, релативизирајќи ги суштинските државни интереси и приоритети. Се прогласува за вистина и тоа што не се случило, како што е лажниот амбиент дека пријателството и стратегиското партнерство со Америка ќе ги реши нашите проблеми, бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп ни станал голем пријател и дека поради тоа пријателство Македонија ќе стане најбогата држава на Балканот. Таа лажна сметка без крчмар ја насочија кон критичарите на ваквите детски илузии дека станале антиамериканци, а до вчера беа американски шпиони и предавници. Вистината е сосема обратна, се плукаше по Америка и по Европа, по која сè уште се плука, дека ништо не направиле за Македонија, дека со нивниот протекционизам никогаш нема да влеземе во ЕУ која само што не се распаднала, дека ги поддржуваат само Албанците и уште многу други критики кон американската политика на сите претходни претседатели, вклучувајќи го и Доналд Трамп во неговиот прв мандат.

Многумина овде што сега го величаат Трамп како божество во 2018 година ги затвораа ушите и очите да не ги слушнат и да не ги видат неговите зборови напишани во пораката до тогашниот премиер Зоран Заев. Трамп тогаш му напиша на Заев дека „Преспанскиот договор е најисториско достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за неговото храбро лидерство“. Трамп тогаш рече дека Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбедиле постабилна и попросперитетна иднина, не само за двете земји, туку и за целиот регион и дека земјата сега ќе го заземе местото што ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија. „Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси што се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина. Уште еднаш ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата, па сè до неговата целосна имплементација“, напиша Трамп.

Кога ќе се прочита оваа порака на Трамп до Заев за неговото лидерство и кога сега се слушаат изјавите за премиерот дека успеале да влезат во периметарот на американскиот претседател и први застанале во редот – да се крсти човек со две раце. Што би рекол знаменитиот професор Марјановиќ. Кој од сегашнава власт има „способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици“ за да ја насочи земјата кон посветла иднина. Ни со борина да ги бараш нема такви луѓе. Медиумите и социјалните мрежи, колумнисти партиски активисти, самонабедени аналитичари и експерти вината за вкупните состојби во земјата срамно ја насочуваат кон опозицијата која не може да ги блокира одлуките во Собранието и самоволието на власта, како што тоа го правеше сегашната власт кога беше во опозиција. Да се удира по слаба опозиција затоа што мнозинската власт не ги спроведува своите предизборни ветувања, иако за тоа нема пречки во Собранието, е најбедниот чин во новинарството. По непишано правило кога опозицијата е арогантна и од позиција на сила надгласувана и напаѓана, кога партизираните институции на системот не функционираат еднакво за сите граѓани, медиумите, науката и јавните личности со храбри јавни настапи имаат клучна улога за ослободување од стравот на јавноста. Во Македонија таа работа оди бавно, но моќниците и злоупотребите на власта, неостварените ветувања ќе ги забрзаат тие процеси. Независен (Авторот е новинар и публицист) Ерол Ризаов

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....