Исчезната е сестра ми, ве молам за секоја информација да ме контактирате на 078/431-680. Трагот ѝ се губи на раскрницата во Јурумлери, напиша Аце Јоциќ на својот Фејсбук профил и сподели и фотографија од неговата сестра.Лидија Трајковска од скопско Јурумлери е исчезната, објавија на Фејсбук нејзиниот брат Аце и нејзината ќерка Мартина. Тие замолија за какви било информации. Лидија утрово околу пет часот излегла од семејниот дом, по што ѝ се губи секаков траг. Со себе не понела лични документи, ниту мобилен телефон.
„Исчезната е сестра ми, ве молам за секоја информација да ме контактирате на 078/431-680. Трагот ѝ се губи на раскрницата во Јурумлери“, напиша Аце Јоциќ на својот Фејсбук профил и сподели и фотографија од неговата сестра.
Ќерката на Лидија, Мартина Трајковска посочува дека станува збор за посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми.„Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми сè уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција“, напиша Мартина.