Јајца / Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески
Со допис до владата живинарските фарми негодуваат против мерката за намалување на цените за 10 отсто која се однесува на 25 производи, вклучително и за јајцата. Тие велат дека ова ќе ги доведе живинарските фарми на работ на егзистенцијата и ќе доведе до крахирање на домашното производство. Како основа за пресметка се земала летната цена, која според нив не е реално да остане таква до крајот на годината, што ќе доведе до намалување на бројот на кокошки и бројот на јајца на рафтовите. Одговор од владата уште не добиле на нивниот допис. Тие велат дека и во август имале загуби.