МАКТЕЛ

     

Зависни од екраните: Мобилните телефони го редефинираат растењето и учењето кај младите

      

Екстремното користење на смартфони кај младите уште од најрана возраст станува тивка криза во образовниот систем, додека наставниците и родителите се борат да најдат рамнотежа меѓу дигиталната реалност и личниот развој.  Сцената е сè почеста – ученик седи во клупата, главата наведната, погледот фиксиран во екранот, прстот нервозно скрола. Наставникот зборува, но зборовите не допираат. Вниманието одамна се префрлило на „ТикТок“, на новата „Снепчет“ нотификација или на мемето кое кружи по групниот чат. Оваа слика, толку секојдневна, што веќе не предизвикува изненадување, е обработена десетици пати во обид да се проговори за она што го избегнуваме – како денеска изгледа растењето низ екран. Докажан факт е дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје. Според лекарите, на долг рок, прекумерната употреба на телефон создава проблеми во развојот на личноста, доведува до анксиозност, депресија, панични напади.

Опседнати со телефоните Во македонските училници, приказната не е многу поинаква. Професорот по физичко и здравствено образование во средното стручно училиште „Михајло Пупин“, Илија Ристовски вели дека младите се опседнати со телефоните. „Иако има што да прави ученикот на час, тој за време на наставата наоѓа начин да го провери или користи телефонот“, вели Ристовски. За да не ги користат телефоните во сала, тој пред почеток на часот вели оти им ги собира и ги праќа во педагошка служба, па по завршување на часот одат да си ги земат. „Денеска децата се помалку се запознаени со спортот, бидејќи, нели поинтерсни им се содржините на „ТикТок“. Ако треба било што да видат онлајн, на пример, некоја вежба или слично, тоа не го правиме за време на час“, посочува Ристовски. Неговиот колега од „Зеф Љуш Марку“, Бесим Лимани, кој предава албански јазик, смета дека треба да се најде рамнотежа бидејќи злоупотребата на телефонот на час зависи од тоа како ќе се постави професорот. „Правилата за време на наставата ги одредува професорот“, посочува Лимани, додавајќи оти има примери кога самиот ги насочил учениците да користат телефон, на пример, да побараат и анализираат некоја песна од старата литература.

   

Сепак, потврдува дека на децата тешко им е да се фокусираат на часот. „Кога користат телефон, лесно се оддалечуваат од материјата која се предава. И одличните ученици се дефокусирани. И најдобрите ученици кои учат и имаат петки, прашуваат што треба да научат“, вели професорот. Тој додава оти денешните ученици не се мачат да истажуваат од книги „само на телефон истражуваат, не се мачат да бидат креативни“. Ваквата загуба на фокусот и мотивацијате се провлекува и како црвена нишка низ повеќе истражувања и е добро документирана. Според едно вакво истражување објавено на американскиот National Institute of Health (NIH) врската на учениците со паметните телефони се претвора во опсесија која може негативно да влијае врз когнитивните функции и емоционалната стабилност. Истражувачите Алтман, Трафтон и Хамбрек докажуваат дека и само трисекундно одвлекување на вниманието – како на пример посегнување по телефонот – е доволно за значително нарушување на концентрацијата додека се извршува ментална задача. Таквиот прекин не само што влијае на тековната задача, туку и го отежнува извршувањето на наредните задачи, особено во училница. Емпириските докази покажуваат дека учениците кои користат телефони за време на час не само што водат помалку белешки, туку и постигнуваат пониски академски резултати во споредба со оние кои не ги користат телефоните. Дури и кога учениците тврдат дека можат да „мултитаскаат“, односно истовремено да слушаат предавање и да праќаат пораки, истражувањата покажуваат дека тие имаат потреба од поголем ментален напор за да се присетат на информациите. Друго истражување открива дека дури и кога телефонот не се користи, неговото присуство во близина, на маса, во џеб или в торба, значително го одвлекува вниманието и го намалува капацитетот за учење и помнење. Децата стануваат експерти за кратки видеа, но се изгубени во подолгите задачи, во читањето, во разговорот.

Мобилен уште во петто одделение Соња Трифуновска, одделенска наставничка во основно училиште во Тетово, води петтоодделенци. Вели дека уште во прво одделение таа разговара со родителите за влијанието на телефоните, за влијанието врз менталнтоо здравје, за влијанието врз концентрацијата, а предупредува и дека прекумерното користење може да доведе до потешкотии со учењето. Но, попусто. Некои од децата веќе од пониските одделенија си носат телефони, ги користат за време на одморите, а ги користат и за време на наставата. „Кај мене, децата што живеат подалеку си носат телефони во ташна, за да може да се слушнат со родителот“, вели Трифуновска. Таа потенцира дека на училиште има активности кои се работат на табла со креда, па децата мора да се фокусирани кога пишуваат, не треба да им го одвлекуваат вниманието други информации. „Тие треба да имаат доволно внимание за да можат подолго време да се посветат на активноста. Затоа им зборувам на родителите и дома да го ограничат користењето“, вели Трифуновска. Според неа, друг аспект на проблемот е тоа што родителите не се толку дигитално писмени како нивните деца.„Децата се во допир со различни апликации, кои можеби ги користат неправилно, но родителите не можат толку да помогнат оти дигитално се поназад од учениците“, додава таа.

Сè почнува од дома Менталното здравје не може да се изостави од оваа приказна. Психијатарката д-р Ереблина Хоџа Јусуфи, специјалист по детска и адолесцента психијатрија од Клиниката за психијатрија вели дека има случаи каде што млади доаѓаат со родители на психоедукација, поради анксиозност, депресија, проблеми со спиењето, и неможност да функционираат без телефон. „Децата и младите сериозно се зависни од нивните телефони. Тоа води до проблеми со исхраната, со сонот, потоа, имаат проблем со вршење на време училишни задачи“, вели Јусуфи. Но, таа додава, треба да се знае дека сè започнува од дома, родителите треба да се свесни и да ги тргаат децата од телефоните оти тоа подоцна создава проблеми во развојот на личноста, води до  анксиозност и депресија. „Социјалните медиуми влијаат и негативно и позитивно, но нивната употреба треба да е ограничена. Децата се соочуваат и со сајбер булиинг, како резултат на користење на апликации како Фејсбук, ТикТок“, вели Хоџа Јусуфи. Но, не сите наставници сметаат дека целосно треба да се забрани употребата на мобилните телефони во наставата, односно дека може да се најдат начини да се искористат во процесот на едукација. Професорот во средното училиште „Марија Кири Склодовска“, Александар Алексовски смета дека училишниот систем треба да се адаптира на новата реалност, без да ја игнорира.

„Телефонот е фантастичен уред кој има многу можности. Опасен е само ако неговата употреба излезе од контрола“, вели Алексовски. Тој смета дека наставниците треба да најдат начини да ги научат децата дека тоа е моќен извор на информации, на идеи, на ставови, мислења, да го користат најдобро што можат, да анализираат, да знаат да препознаат лажна од вистинита информација, да знаат да проценат, да искористат. „Сè друго, вклучително и забраната за користење, сметам дека е контрапродуктивно“, вели Алексовски. На неговите часови, тој вели дека се случува често да посегнуваат по телефоните и да скролаат, но тоа го прават ако им е досадно. „Ако влезат во виртуелниот свет, тешко е да се вратат на часот“, вели Алексовски додавајќи дека новите генерации се пораснати со мобилен телефон и тоа им е дел од животот, не функционираат без него. Вели дека предизвикот како да им се задржи вниманието е огромен бидејќи децата немаат концентрација, немаат трпение. „Како да се реши проблемот? Со тоа што, јас не дозволувам да им биде досадно. Тие немаат проблем да го остават телефонот, но дали одземањето сосема може да донесе концентрација и внимание? Тоа не е решение. Решението е во самоконтролата. Пробувам да го играм и мобилниот како средство во наставата“, додава Алексовски.

Некои земји веќе воведоа забрани Мета.мк пишуваше дека во еден од последните извештаи на Обединетите Нации, се препорачува да се забранат паметните телефони во училиштата, за да се подобри учењето и да се заштитат децата од сајбер малтретирање. Барањето за забрана на паметни телефони треба да испрати порака дека технологијата, вклучително и вештачката интелигенција, секогаш треба да биде подложна на „човечко-центрирана визија“ за образование и никогаш не треба ја заменува личната интеракцијата со наставниците. Во Франција, мобилните телефони се забранети во основните и средните училишта од 2018 година. Во Холандија во јануари годинава стапи на сила забраната за употреба на паметни телефони за основните и средните училишта. Во Италија, употребата на мобилни телефони во училницата е забранета дури и за образовни цели, врз основа на министерски декрет. Почнувајќи од оваа академска година, студентите во Грција се обврзани да ги чуваат своите мобилни телефони во торбите во текот на училишниот ден. Очигледно е дека присуството и употребата на мобилните телефони меѓу учениците не е само прашање на дисциплина или навика, туку сериозен предизвик што го засега нивниот развој, способноста за фокус и емоционалната стабилност. Иако технологијата нуди бројни предности, нејзиното несоодветно користење, особено во образовен контекст, може да има долгорочни последици врз квалитетот на учењето и менталното здравје. Не станува збор само за намалена академска продуктивност, туку и за промена во начинот на кој младите размислуваат, се поврзуваат со светот и ја градат сопствената личност. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....