ЗАВРШИЈА УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ВО ГАЗИ БАБА
.
На свечена церемонија во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба денес ги завршивме училишните спортски лиги.
Во текот на целата учебна година беа организирани спортски активности во сите категории спортови.
Им честитам на сите наставници по физичко и здравствено образование за нивната посветеност во работата за чија успешност говорат повеќе од 300 ученици кои денес ги добија своите дипломи.
Мојата порака до учениците е: Спорувајте, затоа што спортот е половина од вашето здравје и истиот создава позитивни навики.